Детски психолог или превоспитување?

Дискусија во 'Дете' започната од danichap, 1 февруари 2013.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    11.457
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе колку теми сте занемариле а се секојдневие. Ајде малку да разговараме.

    На темава... Дали е потребно превоспитување детски психолог или денешниве деца се чудо е баш загрижувачко прашање. Значи дете сталожено воспитано разбрано знае да покаже агресија и нервоза во одредени ситуации што ептен многу често сум видела. Мада повеќе ми изгледало како недоволно почитување на родителот. Како инат да тера. Ма во мое време кај смеело да зузнеш а не па да урлаш и да вриштиш. Што ли се случува со денешниве деца?
     
  2. Цвет88

    Цвет88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    15.915
    Пол:
    Женски
    Имав во комшии близначиња, од кои едното секоја ноќ хистерично плачеше. Искрено мислев дека го претепуваат. Ноќе ме будеше од сон, а живее во соседна зграда. Една ноќ, буквално се загледав да видам што прават.
    Мајката и таткото очајно пробуваа да го смират, со нишкање, гушкање, трчање низ соба...
    Сега кога имам дете, знам што беше тоа...
    Сега кога имам дете знам што е дете да не спие.
    Знам што е нервоза.
    Знам колку се трудиш иако ти е мака и ти се вришти да не правиш стресни ситуации пред детето.

    И кај нас нема... детето секогаш не гледа насмеани и среќни..
    Ама таа пак делува како разгалено дете.
    Една работа сфатив, дека ако каже не, тогаш мора да биде не. И го почитувам. Неќе да си игра, неќе..
    Не сакам да се чуствува присилено дека нешто мора да направи.
    Ако се заинати ептен за нешто, што не смее да го направи, или добие, гледам да и дадам некоја задача што знам дека ќе сака да ја исполни.
    Ама пак има испади. Пак се треска од земја, се кубе, се штипе..
    Да гледа некој од страна ќе рече леле невоспитано, разгалено детиште. Иако јас се трудам максимално правилно да ја воспитам буквално уште од бебе.
    И сметам дека никогаш не е рано за тоа.
    Секој родител ќе киксне некогаш. Ама не секогаш некое однесување е од разгаленост.
    Треба прво да се обидеме да ги сфатиме децата. Што сакаат, какви потреби имаат. Па потоа да видиме за каде е работата.
    Јас ја носев кај психолог.
    И пак ќе ја носам.
    За тантрумите. Кои се зголемија...
    Кои се случуваат само дома. Едноставно зошто сакам да ги разберам и да и помогнам.
    Ноќните терори ги совладав. Мислам дека ќе докторирам на таа тема.
    Има се уште, ама ги контролирам.
    Се се може ако се сака.
    Само, секако родителот да е спремен.
    Но, најчесто родителот не е. Па си вика остај бе дете е. И на првото не, детето веќе се менува. Се буни на секое не, ствара револт. Зошто до вчера немаше забранета зона. Сега веќе има пречка, па пошто не е како што сака тоа, мора да се брани.
    Мора да се знае како да се пристапи на дете.. мора да се почитуваат и неговите потреби. Мора да има ред. Мора да знае кои се родители, односно постари. Но ништо на сила. А за тоа треба работа и труд.
    Ќе видам со тек на време дали правилно сум постапила.
     
    На eli25, gjoker4e, SofiMar_ и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Septemvri

    Septemvri Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    1.506
    Допаѓања:
    3.466
    Пол:
    Женски
    Мое мислење дека родителите се за на психолог, бидејќи од нормални појави прават ненормални. Децата од предучилишна возраст почесто плачат, покажуваат емоции на несоодветен начин,но се е тоа во склад со нивната возраст. Загрижувачки е кога тоа истото го покажува дете во школска возраст. Денешниве деца се задоволени од се, имаат се што ке посакаат, интернетот е достапен во секој дом, и се им е веч видено. Не можете со ништо д ги изненадите или израдувате бидејќи се имаат. На 7 год.имаат мобилни телефони, таблети, и наместо да се дружат и играат детски игри како основа на нивниот развој, тие се 80%во затворен простор и играат видеоигри. Е сега доаѓа прашањето зошто родителите за на психолог. Затоа што тие им ги создале таквите услови. За да не досаѓаат и седат мирни најлесно решение е таблетот. За да не ги гризе совест за тоа се запишани на спорт,англиски и уште 5 други активности, отсутни се од домот цел ден, и наместо да поминуваат време со родителите тие се образоваат надвор. Ама само се образоваат воспитната компонента од дома им недостасува. Затоа при секој револт може да плачат хистерично, да ве опцујат и сл. Д не должам, децата не се виновни, какви деца ке создадеме зависи од нас.
     
    На ku4ence, Martka, mariz и 8 други им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    11.457
    Пол:
    Женски
    кај нас нема психолог,некако ко ептен затуцани да сме. Некогаш сакам и јас да го носам на психолог. Чисто да провериме за состојбата на нервоза која ја има. Од моја страна гледам да го гушнам и смирам колку што е можно но некогаш знае да претера. Многупати го имам шлапнато о тогаш чаробно се смирува ама некогаш не е тоа тоа.
     
  5. Цвет88

    Цвет88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    15.915
    Пол:
    Женски
    Од каде беше? Јас ја носам во мозаик кај Надица, во кисела вода.. баш сега барав терминче, за тантрумите.
    Едноставно за неа нема кај нема да појдам и да барам совет и решение.
    Секако и за мене, да проверам да не е во мене грешката.
     
  6. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    11.457
    Пол:
    Женски
    од кичево сум. Знам една жена ми кажуваше посетила училишен психолог детето кога и било прво одд па мислам да се распрашам дали може тие да помогнат ако не морам да посетам и да идам во друг град. Имам и друг проблем,стравот преку нервоза го искажува,кога му е страв да оди некаде не реагира како уплашено дете туку како панично нервозно... Јас го смирувам ама сепак.. Потребно е стручно мислење
     
  7. Цвет88

    Цвет88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    15.915
    Пол:
    Женски
    Оди обавезно.
    Нема ништо страшно, само ќе си игра со него.
    Мојава беше помала. И даде играчки, и викашр дај ми ова, она.. претежно ја пушташе се сама да прави.
    Обично кога ни е тешко кикснуваме. Попуштаме баш во овие моменти. И после добиваме разгалено дете.
    Не сакам така да биде.
    Кај нас е страшно со тантрумите.
    Она е се ок. Се ме разбира, се ме слуша. Ама тантрумите се хорори. Со кубење, штипење, легнување на земја. Фрла предмети. Ама тоа е само дома, таков иапаф немала до сега надвор. Освен за влегуваер дома.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  8. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    6.724
    Пол:
    Женски
    Колку наплаќа?
     
  9. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    11.457
    Пол:
    Женски
    слушав и читав доста совети од психолози психијатри воспитувачи.. Кога дете не ја исфрла енергијата преку трчање реализирање на фантазијата преку активности и слично тогаш добива такви тантруми. Јас правев грешка, кога не ќе ме слуша со збор ќе карав ќе викав некогаш и ќе удрев,но не. Не билп тоа лекот,кога најпрво ќе го земеш во раце ќе го бакнеш и гушнеш го совладуваш физички и кога уште 30 илјади пати ќе му повториш исто со расположлив глас го совладуваш психички. Тешко е со деца. Треба само ти да имаш јаки и челични живци. Сепак благодарам на советот не е на одмет разговор со психолог
     
    На Saraa и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. Цвет88

    Цвет88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    15.915
    Пол:
    Женски
    1000 ден за 1 саат

    Мојава ако не е истрчана. Она не знае нормално да оди. Никогаш не седи ни 1 минута. Оди во градинка, плус мора да ја прошетаме попладне.
    Не сум ја карала многу... шо знам. Само во животно загрозувачки ситуации.
    Едно време бев доста нервозна ама гледав да се истурам на друго..
    Него она мислам има друга мака. Неќе да ја тераш со сила ништо.
    Порано беше ваква кога ќе си дојдевме од кај баба и дедо, зошто на се ја тераа со сила. И ноќе повеќе плачеше тогаш. И еве сега ескалираше да е нон стоп така. Ама сега дека повеќе обврски, ај градинка, ај ова ај она... и се револтира.
    Ќе видиме што ќе ни кажат како совет.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ava.84

    Ava.84 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    21.450
    Пол:
    Женски
    Интересна тема иако е стара ама сепак проблемите што ги имаат родителите се исти.
    Еднаш прочитав изрека што цело време ми е во глава "Шамарот што сакаш да му го удриш на детето удри го на родителот".
    Така кога имам ситуации да ја смачкам од ќотек ќерка ми јас едноставно си ја кажувам реченицата и знам дека нешто имам згршено.Па анализирам зошто и како.Кога беа фазите на тантруми секојдневни мислев јас да одам на психолог и да се пожалам дека неможам веќе да сум смирена ми доаѓа да ја истепам и да ми каже како да продолжам понатаму.За жал ми мина таа фаза и тоа не спиење па малку се опуштив и не отидов.Ама ако треба ќе отидам сигурно и тоа прво јас ,па ќе прашам и ќе ја носам и малата.
    Хиперактивноста е проблем се решава со психолог .А хиперактивноста е резултат на боите во храната кои се деривати од нафтата.Денешните деца се дефинитиво поактовни во сопредба со нас.
    @danichap пиши ново мислење сега откако имаш деца:)
     
    На eli25, mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  12. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    3.965
    Допаѓања:
    12.847
    Пол:
    Женски
    Како што треба да има детски така и треба да има психолог за родители.

    Имам комшика што децата си ги нарекува
    "чума"
    "несалам"
    "огин да те изгори"
    "да ти се сневиди"
    И многу други работи што неможам ни да ги запамтам од што е креативна.
    Дури се мислам дека не е свесна што значат зборовиве, па кој би посакал на детето да мунсе сневиди, тоа значи да ослепе или јас грешка сум?
    Децава се повлечени и не знаат да се понашаат нормално со нас комшиите.

    Други пријатели имаме што гиндепаат, врсикаат по децата и само децана кога се они во нивна околина се чудни од бес не знаат што да направат се кршат, се борат викаат.
    Сме имале прилика да ги чуваме на еден ден со сопругот-како да се други деца дури прикаски ни раскажуваа.

    Мое мислење е дека се е до родителот.
     
  13. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    11.457
    Пол:
    Женски
    срам ми е да кажам ама морам,зашто темава е таква а пожелно е да дискутираме на темава зашто е сериозна. И мојата мајка цел живот по мене се изразувала со се цитираново со будалетинке курветино да те снема и да не кажама уште колку гнасно работи. Со тоа иако ми е мајка искрено никаква љубов немам спрема неа чисто онака почит спрема жена која ме родила. Ама слушајќи го тоа научив како јас не треба да се однесувам и да одгледувам деца. Е сега има друг проблем. Кога син ми ќе појде кај не истите зборови му ги кажува. Сакатуро да умреш да те снема изрод..Син ми има 6 години. понекогаш истите зборови нас ни ги кажува кога ќе се изнервира за нешто. Тогаш најсериозно ми доаѓа да се качам и да ја обесам,нека ми прости Господ ако може ама жената е далеку од нормално суштество. Значи нека не ве чуди,секакви луѓе има,ионака детето низ растот ќе се среќава со секакви луѓе и ќе учи секакви работи обидете се да го контролирате. Не доволувајте да развие погрешен карактер.
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    5.832
    Пол:
    Женски
    Извини доколку сум искрена, но би сакала само да те прашам едно нешто кое ми падна во очи.
    После оние зборови кажани према твоето дете зашто сеуште дозволуваш да биде во контакт со него? Без разлика дали е мајка, сестра, брат, свекрва итн ... сепак не разбирам! Ти го колне и навредува твоето дете!
    Извини, но доколку такво нешто излезе од устата па макар и на мојов сопруг ... верувај ми дека ќе му е последното нешто кое го изговорил! А, вакво нешто кога Недај Боже би изговорила мојата сопствена мајка - баба на моето дете хмммм .... нај ама најсериозно нема никад да смее нит да му се приближи, а ниту да има прилика да биде во никаков контакт со него! Сериозна сум. За свое дете би убила! Не дозволувам никаков погрден збор никој да му каже! Јас како мајка го немам погрдно наречено, а не па некој друг! Би го сомелеле со зборови, а зависи и од ситуација сигурно и физички доколку дете ми се потресе, плаче и се осеќа на било каков начин загрозено!
    Извини на искреноста!
    Никогаш во мои 39г вакви зборови не сум чула во моја околина, а ниту пак ни приближно навредливи зборови. Затоа ми е сосема примитивно.
    Размисли убаво, поразговарај и со психолог и верувај дека ќе ти каже дека ова е сосема погрешно, дека сето ова ќе влијае на тоа дете во иднина. Ќе влијае од аспект на односот спрема другите околу него, а и спрема изградбата на сопствениот карактер и душевен мир.
    Еве ме пијам кафе и ја замислувам сликата доколку би ми се десила мене. Да улета детево мое и потресено ( ова како пример го давам зашто и на повишен тон би реагирал мојов така, а не па на горе пишаното ) да плаче и да е исплашено.... верувам дека иако ми е мајка би ја дигнала во воздух.
    Па сега мала дигресија би дала : читајќи ги некој теми поврзани со свекрви дојдов до еден заклучок ( од поединци нормално ). Која е разликата помеѓу мајка сопствена и свекрва во даденава ситуација? Да поедноставнам - зашто би било поразлично доколку ова е случај кога би се десило од свекрвата или од својата мајка? Зашто верувам дека доколку овакво нешто се десеше од страна на свекрвата би избил трети светски рат! Така? А, зашто да е поразлично кога се дешава од сопствената мајка? Зашто во вакви ситуации кој влијаат над психата, развојот и личноста на сопственото дете ( пример ја зимам ситуацијава на членкава ) не се реагира подеднакво исто како што би се реагирало доколку беше свекрва? Како што една снаа зима замав да рипне и да направи хаос, така има право и секој сопруг да рипне и да направи хаос кога станува збор за негово дете ( во даденава ситуација кога е мајката на жена му причината ). Реална сум не заземам страна. Исто би реагирала и со свекрва ми и со мајка ми доколку му ја разнишуваат психата и менталниот развој на моето дете. А, и мојов сопруг го има истото право доколку е во прашање мојата мајка. Верувам дека ова сега да беше пишано од членката во тема за свекрва, да беше ова све горе пишаното дека свекрвата вака се понаша со детето... верувам ќе ја распневте свекрвата. Јас лично во ваква ситуација ( доколку сум сооругот ) давам услов дека или се отселуваме ( по горе пишаното мислам дека сте кај твоите родители ) или доколку не се превземе нешто се разведуваме! Да баш е така реалноста! Зашто да беше обратно ќе земевте парталите и одма ќе си идевте и никад очи немаше со свекрвата да си видите!
    Ова се оние работи кој влијаат на самиот психички и духовен развој на секој поединец од раното детство во иднина! Ова секое стручно лице ќе го даде за тригер во односот, понашањето и карактерот на секоја единка во тинејџерските па и во повозрасни година која има разнишана самодоверба, има оклоп створено према околина, повлеченоста е на високо ниво итн. Или прераснува во личност нервозна, дрска и одбивна од околината. Затоа да внимаваме треба кој и како се однесува со нашите деца ( без разлика дали ни е член на семејството или сме самите ние такви ). Да пробаме да ги заштитиме дур можеме, да ги научиме што е правилно и што е погрешно. Да ги припремиме како треба да се носат со неубави прилики и со убави прилики. Го учам да ги почитува постарите, да се поздравува и гушка, да се насмее и заблагодари. Но, го учам и да знае да се одбрани во некој ситуации.
    Се извинувам на рефератов и се извинувам на членката доколку се осети неубаво. Извини ништо лично ниту пак нешто е злонамерно пишано. Од свој аспект зборев и бев повеќе од искрена и реална.
     
    На oblace1, Lady*Bug, marchi-cool и 2 други им се допаѓа ова.
  15. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    6.048
    Пол:
    Женски
    Баба да рече на внуче да умреш? Не е нормална сигурно. Која и да е, моја негова мајка, не не гледа веќе.Инаку на темава и те како би посетила психолог за мене па.и за децава. Како прво со големиот да му се објасни и разјасни дека таблетите ствараат зависност, дека колку се корисни толку се и штетни. Па и малово низ некои игри да му олеснеа ситуациите низ кои помина неговата психа( одбивање од доење ново бебе). Ах камо да имаше матичен психолог.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.646
    Допаѓања:
    58.076
    @sofi2107 1421 види на оваа страна од Мајчински како таа пишува дека секоја вечер колнела кога ќе дојде време за заспивање. :x Па не ми е чудно што дозволува така да се понашаат со детето нејзино.
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ava.84

    Ava.84 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    21.450
    Пол:
    Женски
    Ау што прочитав бе жени какви се овие зборови од родители:^)
    Сега чак сваќам што ми зборела еднаш свекрва ми.Да сум ја носела бурмата со која сме венчани со маж ми за да не фаќале клетвите спрема децата:o
    Прво јас и реков кој клетви , јас такво нешто не знам и немам во мојот живот слушнато од мајка ми.А и немам во мојот речник.Таа демек имало многу жени што си ги колнат децата.Стварно и сега не разбирам како и зошто:worried:Среќа и свекрва ми не е од тие инаку сигурно немаше да ја познавам. Таквите луѓе се стварно за на психолог:emo:
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    5.832
    Пол:
    Женски
    Сеа прочитав и не ми беше јасно па пак препрочитав ... страшнооооо :@
    Никогаш не сум чула, а нит верувала дека сопствена мајка може да нарекува со погрдни зборови сопствено дете, а најмалце па да си го колне! И после се чудиме кога читаме или гледаме деца кој за жал прераснуваат во нешто од кое се плаши секој разумен родител! И не, не е до детето туку до родителот! Родителот кој е таков спрема свое дете треба да посети стручно лице за доброто на своето дете!
    И не, не е срамота ниту пак е лошо да се посетува психолог!
    И никогаш не би дозволила да ми биде детето во таква отровна и да ми расте во таква средина! Ниту пак јас би сакала да имам луѓе во свое опкружение кој на таков начин им се обраќаат на своите деца! По дефолт значи и сопружниците меѓу себе кумуницираат на тој начин! И што очекувате од тоа дете кое расте во таква средина? Во каква личност да порасне? И тоа дете ќе стане родител и исто таков однос ќе има према својот сопружник и дете и све така од поколение на поколение се дур некој не пресече.

    Гушкајте си ги децата, бакнувајте ги, пофалете ги, именувајте ги со убави зборови, научете ги да бидат слаткоречливи и пружете им средина спокојна и мирна.
    Па едно собно цвеќе ќе овене доколку сте со него груби!
    Да, не секогаш ни е денот и на нас родителите сјаен, не секогаш сме и ние со нервите океј, не секогаш имаме моменти на толерантност, не ни цветаат ружи секој ден. Има моменти кога ќе те извади од колосек дете со тантрум или ситуација ти прави па се контролираш зашто си возрасна личност.
    И да, би побарала стручна помош доколку сметам дека неможам да се изборам со одредени ситуации или чувствувам дека потфрлувам како мајка. А, недај Боже и доколку дете осетам дека ми бега од колосек или прераснува во нешто од кое секој родител се плаши ... да, би го носела на психолог! За негово добро!
     
    На ZAHRA, orhideea, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    11.457
    Пол:
    Женски
    ама сосем се сложувам со тебе. Не сум навредена од твојот коментар,таа е вистината не можам да речам нешто друго.
    не само на внуче,таа на мене - на ќерка си тоа да и го зборува.... Жално е ама не заслужува секоја да стане мајка.

    јас пола живот слушав и одкако станав мајка ама баш уопште не ми е јасно како мајка може да колне дете. Многупати претходно сакав да пријавам и да и донесам дома психијатар а не психолог зашто таа смета дека е сосем присебна нема проблеми за да оди на такви ствари
     
    Последна измена од модератор: 20 мај 2019
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.464
    Допаѓања:
    26.681
    Пол:
    Женски
    Ама за тебе зборува Софи. Ти имаш пишано во мајчински дека си го колнеш детето пред заспивање или недоразбирање е некое??? :?:
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.