Не знам што ви е точно проблемот ама види со психолозите од Психотерапика. Дел од нив знам лично и супер се.
Овие се големи веќе, може и околу 15 год да имаат... И мое дете многу плаче ноќе, ама не толку многу...
Ве молам за препорака за детски психолог. Имено се работи за 7год дете машко, веќе подолго време кога се преслекува или капи ги вкрстува рацете , се крие во пределот на градињата, на одмор без маица не се капеше во морето.... Притиснат од едниот родител рекол дека е девојче .... Незнам колку е вистина ова ... Ве молам за совет. Да дополнам. Детето е срамежливо... Многу е осетлив.... Живее со мајката . Дете на разведени родители.
Здраво на сите, искрено сакам да споделам. Моето дете има 11 години доста е интелигентно, но проблемот се јавува кога некој пробува да се зафркава со него, реагира премногу не ок, користи грди зборови. И после тоа му е криво. Се случи 3-4 пати, работам со него. Но, средината тешко го прифаќа тоа. И после имаме проблем со прифаќање од другите врсници. Никогаш прв не се закача. Период е претпоставувам. Но ми треба искуства од Вас, ако може да споделите
Дали сте се консултирале со психолог во врска со помали дечиња (2 год)? Кај да најдам психолог за оваа возраст? Сѐ повеќе ме загрижува детево.
Како на пример? Јас гледам разлика од мое воспитување, што е по цел ден со мене и на свекрва ми што е неколку саата со неа. Она му допушта све и сака да го држи, го нишка за спиење, го рани низ соба, не може да седне на земја па он седи на кревет. Тоа ми е проблем ама не е до детето, до средината е.
На кратко кажано, агресија, најчесто изразена кон себеси. Реагира во моментот доколку нешто не му одговара, веднаш се фрла на земја и си ја треска главата. Штом почне нема назад. Знае и до 2 и пол саати да траат овие испади. Ништо не го смирува. Ни гушкање, ни зборување, ни пуштање песнички, ни миење лице, ни изнесување надвор, итн итн. На крај ќе се измори и ќе заспие. Јас обично не му дозволувам да се треска, па се бориме, т.е го земам во раце, го ставам на кревет, он бега, и сѐ во круг додека не се измори. Знае и мене да ме затепа во тие моменти кога се обидувам да го смирам.
Немам таков проблем со воспитувањето. Инаку овие испади најчесто се случуваат кога сум јас присутна, кога го чуваат други не...
Мама и мојава има испади на агресија, т.е. тантруми. Често е зашто се уште не можат да ги искажат чувствата како што треба, дека се лути, нервозни и сл. Мене ме има мавнато неколку пати кога сум пробувала да ја смирам со држење во раце и гушкање. Е сега кај нејзе не траат толку долго, обично успевам да и одземам внимание за некоја минута. Мојава не ја треска главата, него се фрла на земја како во шпанска серија и се дере и урла на цел глас. Кога ќе пробам да ја земам се опира целата наназад се фрла и обично тука почнува да мава. Според педијатар што сум прашувала нормални се тантрумиве на нивна возраст, се губат со тек на време. Единствено што 2 ипол саати трае кај вас малку би ме загрижило.
Знам дека се нормални, и знам дека не е нормално да трае толку долго. Како да се исклучува на моменти, само вришти и се треска. Ако во близина има кутија играчки, ќе ја истури и ќе ја треска, ако има храна исто ќе ја фрла. Исто и онака рандом (кога не е лут) земе ја фрла храната, па ја бара, па пак ја фрла, па пак ја бара и вришти ако не му ја дадеш... Или за што и да е друго, истата реакција, вриштење и драма, а не е дека стварно го сака тоа. Исто и кога "сака" да цица ме влече, ми ја кине маицата, а всушност не сака. Сгурно добри 10 мин ме влече натака наваму.
Почни од педијатар, ќе те насочи дали треба психолог. Тоа исклучување кај ќерка ми се манифестира со урлање вриштење и одеднаш ко да и штракнува нешто и почнува да се гази од смеење. Крипи е малце.
Edno vreme pisuvase deka vo gradinka nwmaa sorabotka, da ne neso tamu i dalje ne mu.e pogodeno a ne moze da.kaze
Не бе мајка, наеднаш многу ги засака во градинката, сега дури не сака да си оди дома. Нема проблеми таму, освен што уште наоѓа маани за јадењето.
Исто мама, и јас се прашував искрено. сето тоа го прави само во мое присуство и присуството на таткому , највеќе го мава маж ми кога е вака агресивен.. ама и мене ме маваше кога беше баш во моментот агресивен, ама издржував колку можев па се смири за кратко... Сега почна да збори повеќе и посмирен е, само мене ми е најкриво што ептен ги слуша моите кога и да излегуваат или по дома општо... а со мене ептен се лигави, се нервира па и не ме слуша еднаш два пати.. ама со моите ептен мирно дете е, се осеќам немајка искрено што така испадна ама се надевам дека ќе се смени и да почне да излегува со таткому или да седат сами по дома инаку хорор... провери ти прво со педијатар па се останато, ама се надевам дека е период и мораме да стиснеме заби колку и да е тешко