Веќе подолг период се мислам за посета на детски психолог. Конкретно имаме голем проблем во врска со нејадење. Проблемот е само дома,и веќе сум исцрпена. Не сака ни да ја проба храната. Во градинка јади се, што значи нема проблем со апетит а дома менито е овошје и зеленчук не бира ништо од тоа, понекогаш кори макарони шпагети леб со кисело млеко коронфлекс и супа.. Но некогаш и тоа не поминува. Ги пробавме последните 3 години сите можни витамини ситуацијата е иста... Педијатар ми рече доколку крвна слила е ок нема грижи, ама јас не сум мирна. Кога не е во градинка и за викенд имаме проблем. Конкретно денес за доручек 3 лажички коронфлекс, ручек парче сирова зелка и 2 мали лиснсти со сирење, вечера калинка и пола чаша млеко пред спиење.. Има 4 години и 13кг. и е доста активно дете.
Родители ве молам за помош, детето прво одделение одбива да оди во училиште, се почна одкако два пати беше болен од стрептокока претходно си влегуваше најнормално како сите други но кога тргна последниот пат пред три недели се носиме со плачење, вриштење дури и почна насилно да се однесува да тепа да клоца, еден од наставниците ни излегува во пресрет го зема и го внесува иако плаче додека другиот само го прашува дали сака или не да влезе внатре со тоа ни прави проблем му дава за слобода на детево да си оди дома.Три недели сите му објаснуваме со убаво дека мора да оди во училиште, му забрануваме дома да работи училишни задачи, да црта да бои, не користи телефон и не му даваме да гледа телевизија. Не знам веќе како да му помогнам да го смирам за да го прифати училиштето и да сфати дека мора да оди во училиште. Имаме закажано на детски психолог но терминот ни е пред нова година а до тогаш има уште три недели.
Пробајте да седи еден училишен час. За тоа ветете му дека ќе му дозволите дома да прави нешто од забранетите нешта. Ако успеете следниот ден два часа. Третиот ден три итн. Имајте пред се,вие како родители позитивен став кон училиштето,учителките и соучениците. Зборувајте му дека сите деца се на настава а тој седи дома,дека нив им е забавно учат нови работи,прават изработки,цртаат ,пеат. Пробајте и со Дедо Мраз,нема да донесе пакетче за неумни дечиња
Ист проблем имаме мојов е 2 се беше супер одеше последниов месец од распустот не сака да оди. Плаче одбива да влезе во училиште. Вие дали се справивте со проблемот? Каде и на кој психолог го носите?
Ве молам за совет каде да носам дете со неверојатни тантруми кои траат и траат, се полоши се, едвај ги поминуваме деновите. Секој збор му е “не”, ништо не сака, не бира кај ќе легне на земја и ќе се влече… едноставмо немам зборови, веќе не знаеме ни како да постапиме, луѓе ни се чудат. Ретко многу ретко е крената рака на него по газето за “да научи”, скоро никогаш, многу време се поминува да се разговара со него за тоа што треба да прави како треба да се однесува. И мајката и таткото се присутни максимално, многу време се посветува на него, многу зборење и учење… 2 години е детенцето.
На 2г се многу нормални тантрумите и присутни се до 4г. Реално не можиш да очекуваш од 2г дете да ти ја разбере суштината, нити па да е послушно, скоро невозможно е да се очекува да знае како треба да се понаша. Твое е да објаснуваш, да покажуваш како треба и да имаш живци. Гледај да предвидиш колку моеш што може да предизвика тамтрум и да избегнеш доколку е возможно. Иако очекувањата ти се големи, секако можеш да побараш совет од стручно лице.
Кликни за проширување... дали успеавте да го решите проблемот, јас со моето дете 4ипол години истиот проблем го имам, немам нерви веќе, зборам за џабе не допира ништо до него, упорен е дека нема да јаде дури кажува утре не јадам и никогаш нема да јадам дома, до пред три недели се беше ок