Планот е да славиме позади зграда кај свеки, има паркче заградено и сенки и зеленило, клупи а и лулашки(добро две само додуше ама шо има врска). Има маси што ги местат кога палат оган така да мислам ќе е полн погодок. Ептен ми се големи за игротека, мојава ќе полни 7, ама има деца што се скоро цела година поголеми. Бар ќе си наместам и декорација и се. Зошто не давам пари на простор ќе можам да си дозволам да и исполнам бар некоја желба. Ептен сака балони, па наместо простор 3500, и декорациии од 200 евра ќе поминам со 3500 само што се вика а ни толку. Имам девојче што се нафати да ги анимира, за пари нормално, ама бар ќе се анимирани 2-3 саати колку ќе трае не знам... Сакав и јас во тој парк, ама она сака класична торта, па таму немам како да ја однесам, односно некој ќе мора да иде до дома по неа. Тортата секако ќе биде само со шлаг, ќе и направам хартиени топери и чао пријатно. Бесни се малце и искрено ме плаши, ама затоа се надевам дека ако се анимирани нема да има проблем. Многу деца ми се некако, тоа ми е најголемиот страв. А еве од одделение идат сите.
храна, похованици, скара, пици од каде нарачувате? сеуште не сме закажале, но некоја игротека ќе е сигурно. И овие балониве со бројки или форми (од фолија што се) мора да се дуваат со хелиум или?
Јока на фб побарај ги. Предобро прави жената, со разумни цени е и точна до минута како што сме се договориле. Количински богати даски и баш вкусни. Балоните бројка само ако сакаш да летаат со хелиум, ако можеш да ги прикачиш можат и обично да се надуваат како и другите балони.
Бројка и фигури сакам да и земам. ај бројката ќе ја прикачам некако ама овие другиве незнам како ќе личат, ќе нема кај да се прикачат.
Види за похованици побарај ги Delivio на фб,скоро ми се појави некоја понуда од нив. За пици често пуштаат понуди Доминос,а мини пици купував од силбо
Девојки, идеја за славење 7-ми роденден на момче, во Карпош околина, месец мај? Топло е и не сакам да ги затворам во игротеки (ќе имам и некои роднини возрасни плус), а уште сакаат да скокаат рипаат.
Дали знаете некоја продавница каде има голем избор на чаршавчиња, чашки и слични работи за декорација со цртани ликови?
Градски парк. Има повеќе места каде што може да се сместите за роденден. Или парк Сарај. Ако не сакаш сами се да организирате види го новот место The Nest карши City mall. Има двор со играчки.
Планирам да си правам сама декорација за крштевката, искрено многу пари ми се и не ми се даваат 100е за неколку саати. Е сега, балоните за да ми стојат така како форма, мора ли да имаат држач? И од каде можам тоа да го купам?
https://www.instagram.com/slatkadekoracija_?igsh=b3lzZHcyaWF1OGRm Јас од кај ова девојче нарачав. Многу добра излезе и Топер за на торта ни направи на истата тема.
повелете цени: Тематски роденден ▫️Кутии куферчиња, за роденден во градинка или училиште, празни - 40 ден.- парче Торта од хартија - градинка/училиште - 50 ден. парче, полнето со 2 чоколатца на Свислион (крем банана и чокобисквит) Искрено не ни прашав кај некој друг. Ова ми го прати, прифатив пошто ретко толку богати декорации има.