Фала ви на споделеното искуство мајки. Сепак дел ќе спремам дома оти ме бива за готвење, барем ќе биде вкусно. Е сега декоративно може не многу ама ќе се изеде . Имате сликциња од вашиот дел за храна од родендени да добијам идеја?
Јас немам зошто секогаш каснам на роденденот и се е хаос зошто се сама правам и балони и јадење а на никој не му текнува да сликне
Немам слики од масата со јадење. Имав кетеринг од Јо-ка и тие ја поставија храната. Не ми текнало да сликам.
Мајки за втор роденден освен торта да ставсм и мафини и подароци за децата? Така имав лани ама мафини уште не сум нарачала годинава. И околу хранава за возрасните ќе имаме околу 20 возрасни со тоа што ќе бидат моите и од мм, другите ќе бидат млади. Што да им ставиме за нив? Прашав на едно место за од дома да носам добив одговор па и овде се правиме, топла даска и слично. И ми беше непријатно веќе да прашувам.
Јас одсекогаш сум се прашувала зашто подарочиња за децата? Сме биле по родендени и сме добивале да, кесенце или кутивче со благце, балонче и сл ама не ја гледам поентата? Од кога е ова мода?
Врска неам. Јас не дека сум била на многу родендени. Ама на тие што бев или на гб што гледам споделуваат сите имаа. Па така и јас лани за прв роденден ставив. Сега за втор не знам дали пак да ставам мафини за нив ми беше прашањето. И околу храната пошто ќе чекаме најверојатно во игротека па немам осет колку е нормално храна да има за возрасните. Да не биде малку... а и не знам што, пошто пици знам ќе има освен пиците што друго?
И јас за во игротека планирам пици/пастрмајлии, кифли/мафини солени, крем салата и ќе подготвам дома ладна и топла даска. А за децатацгрицки, сокчиња ќе има и од горенаведената храна.
Рачунај 40 кифли ако ставаш секој по 2 да би каснал сепак и пици ќе имаш. Поховано 2 даски ти се доволни зависи што би ставила според мене кашкавал,прсти,зденки и пирошки и 2 ордевера, пиците и една салата освежителна јас француска ја правам по лесна е за јадење друго ништо апсолутно не ти треба дури и од кифлите ќе ти останат сигурно. Ќе има за сите 2 саати е роденденот рачунај на 1 и пол саат храна ќе има и др пола саат торта. Мафини и др глупости не ти требаат убаво би било лижавчиња ама стално трчаат со нив во игротеките така да не ти треба тоа.
Да 2 саати ќе биде роденденот. А колку пици за возрасните би биле доволни? Даска со месо да ставиме ли? И каде се сервира ова, како шведска маса е или? Извини те нападнав со прашања ме интересира дали е срамота од кај нив само да порачам една голема топла даска. А од дома да си направам ордевери?
За роденденот на ќерка, некаде 15тина возрасни имавме и 10деца од кои повеќето над 7 годишна возраст. Имав 3 фамилијарни пици, 2 големи пастрмајлии, 2 поховани даски, плус салати. Па може 1/3 од храната остана. Чисто за споредба.
Кај нас пиците ќе бидат со средна големина. Планирав две пици за децата, значи да имаат по 2 парчиња за секое дете. И 6 пици за возрасните. Додатно може кифли да однесам, два ордевера и една голема даска(уште немаме одлучено ништо дефинитивно), и некоја салата. Ама ќе видам крајната одлука како ќе боде, сега прибирам идеи. Фала за споделеното.
Направи си се од дома поубаво. Јас во фраерот се направив од кам купив пирошки и кашкавали поховани. Стек саламурен земав го исецкав на парчиња долги и го дадов да го поховаат и испржат. јас имав земено 3 фамилијарни пици за сите и се е на една маса на страна ставено и си земаат луѓе. Даска со месо немаш потреба јас се зезнав за прв доденден од 4+ саати имав месо и поховано ми остана 7 кила месо похованото се изеде.
И нас за првиот роденден ни остана многу месо Те прашав така дали да направам пошто кога прашувавме дали смеам да донесам од дома даски, одма ми рече па овде имаме даски.
Ако нека имаат не е во цената. Она ќе ти ги наплати ѓавол и пол а се купуваат од кам,кипер и стокомак немаш потреба кажи си дека ќе си донесеш од дома се и не се замарај.
Ми треба замрзнати полуготови похованици (пирошки, прсти) од кои сте задоволни, да знам од каде да купам за роденден?
Како да го закажеме dj Bono? Го викала некоја? Мене искрено не ми се допадна нешто, но син ми се запна , ако имате некој друг предлог за диџеј пишете
Јас сега славев на ќерче , нарачав од Поха Бела, 990 ден ти е даска, не се исплати дома да пржиш на топлово Бааги беа полни на 30 возрасни нарачав 3 , една ни остана цела @Erika.greeneyes , јас сега имав даски похованици, стапчиња и кифли , француска салата, две џамбо пици, 30 мини бургери, спремив дома тортиљи и испековме пастрамајлии од кам ги исековме и дојде одлично иако ни остана мн. храна ама јас сум за да има , имало родендени кај што донарачувале и некако без везе ми е
Јас на маса ќе ставам што стават такви хартиени за пуканки ама јас нема пуканки да ставам смоки или нешто слично. Мафини и одозгора ќе има стапче со со слика бејби шарк тоа ќе ни биде како тема и тоа ќе стои кај тортата на таа маса па подоцна ќе им поделам на дечињата. И шишенца со водичка со сликичка бејби шарк. За возрасните пица, похованоно и ќе бидам што друго ќе биде.
Нас лани за првиот роденден многу месо ни остана. Ама сепак сум да има повеќе, отколку да фали. Зошто глупо ми е возрасни само со пици да чекам. Иако реално само моите и од мм ќе бидат домашните, а другите ќе бидат млади со деца. Ми дадовте убави идеи. Фала ви. Нека и е среќен роденденот на малата
075 211 900 Скоро бев на роденден, славеникот 7 годинки полнеше. Се изнаиграа децата, забавно им беше ептен.