Јас се од кам сум земала. Ако правиш во аир фраер премачкај ги со зејтин да бидат помеки. Иначе од кам имам земено топчињата со кашкавал,пирошките и пилешки медаљони на валдор ама тие малецките 490гр ама мали се. За прсти јас сум земала саламурен стек и сум носела во кафана да ми ги поховаат и испржат јас само ги имав на ленти исечено.
фала ви најмногу женчиња, ми помогнавте. супер изгледаат похо бела, а прочитав и дека ги имаат и да си ги купиш од маркет и да си ги приготвиш. Ќе спремам дома и други ствари, па ќе видам дали готови даски ќе нарачам или ќе ги жижнам дома. оти гурманче сум, сакам да си готвам, а башка викенд ни се паѓа роденденот па ќе имам време. Пици, пастрмајлии од каде нарачувате?
Во Дим ги најдов похованиците на Похо бела, замрзнати, вака на лик ич не ми се допадаа, микс, од 400-500 грама беше 200 денари.
имаше две паковања останато, и беа со мраз и црни,...не знам зашто. Ама ќе земам за проба, па ќе одлучам дали дома ќе пржам или ќе си нарачам. ќе погледнам и во кам што имаат.
дали ги каните сите дечиња од групата (за во градинка, 3 годинки е) или само одредени дечиња пример, што се дружат. се двоумам и јас, бидејќи групата е голема, и ако пратам до сите, ми е страв дека ќе нема доволно место за сите, бидејќи имам и други роднини/пријатели планирано.
Бњсплатна достава кифли и салати немаат но можам да ти препорачам mat catering service и они имаат убави цени , салатата им е сервирана убаво во корпи од мафини , кифлите им се преубави едино мини бургерите им се од јунешко и нашите гости не ги бендисаа
Моево е мало, покана од градинка не сме добиле. Е сега на неколку родендени каде што бев последно кај другари баш за истото прашав и некои рекоа праќаат покана до цела група ама најчесто идат само тие што најмногу се дружат.
Мојата е скоро 3 и ги кажува сите деца, сите сакала да ги покани. а пример во маало има 3-4 со кои се среќаваме и секако тие ќе ги поканам. а во група се 40,....а пола секако ќе дојдат ако пуштам групна покана. јас радо би, ама немам доволно место. затоа ми беше прашањево, ваљда ок е ако повикам неколку дечиња само, а?!
Ќерката почна градинка одма после 3от роденден, родена е во јануари па е една од најстарите во група. Повеќето уште тогаш на третите родендени канеа цела група, и често сме оделе. Кога дојде на ред 4от роденден, тој ни беше прв во игротека, и имав многу пријатели со деца, исто од страв дека нема да не собере не поканив од градинка. 2 месеца после тоа слушав како ќерката жали зашто не и биле другарчињата. А и општо од 4тите родендени во група речиси сите ја канеа цела група, децата многу се дружеа. Сега на 5от роденден имавме 60тина возрасни, преку 30 деца, од градинка дојдоа околу 15 (што за јануари е супер, заради празници и болести се случувало и само 3 деца од градинка да дојдат на роденден). Ако имаш избор за игротека со толку луѓе, топло ти препорачувам да ги каниш сите од градинка, детето ти е повеќе со нив него било кое друго дете од роднини и пријатели и верувај со нив најмногу ќе си игра.
Ние во мај имавме роденден, дотогаш никој немаше пуштено покана од градинка. Ние ги поканивме само тие шо се дружат, заедно со родител. Во иста ситуација бев како тебе, не сакав да двојам, ама ем немавме доволно место, ем никој не канел претходно. Плус мислам дека оваа година се мали уште за сами да одат на роденден, сметај дека ќе треба и родители да викниш.
Фала за споделеното. И јас сакам сите да ги поканам ама во игротеката нема толку место. А глупо ќе ми биде да се гужваат деца и родители да нема кај да седнат.
Кај нас тие што прават родендени ги канат сите во група,јас исто сега за третиот роденден на малата пуштив во групата на вибер покана за сите дечиња,дојдоа околу 10 тина мислам,и мои некои 5-6 дечиња,ама она беше пресреќна дека дошле другарчињата оти најчесто не идат сите ,плус сега е време на одмори којзнае колку ќе дојдат. И за големата ќерка исто во градинка ги каневме сите ,е нејзе многу и доаѓаа на роденден,дека многу е таква друштвена ,со сите се дружи и по 30 деца сме имале исто и сега во школо се канат сите. Ама ти си знаеш ако си сметаш само некои прати покани на мајките ако ги знаеш и тоа.
Здраво, предложете ми каде можам да направам персонализирани налепници ? Конкретно ми требаат за пакетчињата кои ќе ги носиме во градинка за роденден фала однапред!