Женчиња, роденден се паѓа недела, а тортата треба да ја земам савота дека во недела не работи слаткарницата. Дали сте ја ставале во обичен фрижидер или сте ја замрзнувале?
Прашај во игротеката кај ќе славите дали може таму да ја однесеш. Ние славевме така во недела ама го имавме првиот термин од 12ч и се договорив со игротеката. Од слаткара тортата да ја земав во сабота пред да затворат и одма ја однесов во игротеката. Таман во игротека завршуваа со тортата од последниот саботен роденден. чисто како идеја ако можеш да се договориш со игротеката вака за да не се замараш на ден роденден по жешково и со торта носење.
Zenichki aj predlog slatkarnici za rodendenska torta i idei za mashko dete 3god.ke pravi. Smeshki sme sekoj den e so nova idea Iskreno neznam i dali bi dala kup pari za fondan figuri...nekako se pretera so nivnata cena.
Мене сега скоро Делициа за декорација без фондан ми земаа 1100 ден така да мислам дека сегде е скапа декорацијата
Делиција забегале со цени за фондан. Лани поскапо и од канела ми побараа. Лани само ла крем ми дадоа пристојна цена. Дури и перфето се попристојни, штета што за роденденот на големиот секогаш се на колективен.
Свадбената торта пред 4 год ме чинеше 3000 а сега за обична детска 40 парчиња исто толку. И тоа намерно бирав без фондан декорација ама исто е изгледа.
Ние оваа година тортата ја нарачавме од Магнолија од Марино. Презадоволна, буквално идентична како сликата од нет што им ја испратив. Во Делиција за истата ми побараа 5900 а тука 3200 за 50 парчиња.
Лани од делиција нарачавме со шлаг, со слика испринтана. Преубава беше. Нема потреба од фондан. Мене ми се фрлени пари. Идеи за момченце Поу патрол, карс, диносауруси...
@CareTee bi te zamolila i jas istoto i ako moze sostav da predlozish @brm_brm sinokja razgleduvav na fb stranata na Magnolija i mnogu mi se dopadnaa tortite na izgled (veke imam i idea od nekoi se 5-6 torti mora da skratam )
Идеи за торта со Биби и Боби ама да не се фигури од фондан зашто кошта повеќе од злато фонданот?! Кај се запна за нив, ништо не наоѓам на Пинтрест
За идеи побарај на Инста, сигурно ќе најдеш во профили на слаткарници. Инаку најдобро шлаг и украсено со топери од Биби и Боби,