За 40 парчиња за ќерка 4000 плативод канела. Вкусот на Канела и Делиција сепак не се споредува а Делиција се поскапи од Канела. Маркиза обично земам , лани заради прескапа цена земав од Аромати и гостите одма ми искоментираа "а не е од убавата торта" Јас од Делиција не сум купувала но секаде кај одиме обично од таму зимаат , мене ниту една торта не ме се свиѓа, нити се богати со јаткасти, за крем бананки 100 евра да давам-не фала
Јас имав вакви фигури како шеќерна хартија доаѓаат и набоцкани на тортата ги имаат сите фигури и ефтино ме фати пред 2 години. И според мене поубаво вака него ли со фондан. Иначе фонданот е скап зошто труд се вложува за да се направи. Ако имаш живци во веро имаш готови фондани во боја па можеш да си направиш сама. Некој прашуваше пред скоро време за запчиња еве јас што имам нарачано од Делиција и убави им беа.
Искрено за вкус мене Мариели ми е врвот секогаш им се тазе и немаат залихи замрзнато па одморзнато затоа и по маркетиве носат по мала количина, сега имаат и слаткара во Скопје. Како нивната Чоколадна торта што има кремаст вкус, а пандишпанот е мек и се топи во уста, ниедна друга слаткара нема дури ни Ла крем.
Тесто и крем онака благо едноставно. Ништо посебно. Мене ми е ок зошто нема глупости 300 внатре. Ама ова е дефинитивно само за мерак на децата ради боите.
Ај пиши ми порака, ќе ти ја пратам нашата, какви цени ми даваа се запрепастив. На крај од Перфето нарачав, 2900 и топ ја погодија, вкусот врв (лешник).
Само да те надополнам дека Делиција ја упропастија Грчката што им беше закон зошто си отиде вработена од таму во Перфето и сега тортите на Перфето им се бомбона, а грчката на Делиција полна маргарин.
Абе до негде се е ствар вкус. Ете мене од Ла крем ништо не ми се свиѓа, Шарлота и Канела плавата се ужасие невидено се е шлаг барем да е крем и тестата замрзнати стоени. Едино само од мариели сум задоволна што им се тазе и не замрзнуваат они зошто немаат таква опција.
Секако дека е вкус. На мајка ми и свеки па ниедна не им е погодена. Они си ги сакаат оние домашнине пуни со све и свашта. Делиција и Зафир убедливо ми се врв Ама од делиција пример нутела малина не ми се свиѓа. Се изнапробав зимово дур работев во игротека торти, па си зимам за право да кажам дека баш ниедна не ме воодушеви. Е едино орео од перфето ми беше ок. Све е само маргарин и шлаг. Една имаше посна, јас погадно нешто во живот не сум пробала, беше со пченица ужас... Мислам дека општо сите порано правеа многу подобри торти. Ве микс зимав редовно, ги расипаа, Шарлота ги расипаа. Не знам зошто ич не де трудат да задржат квалитет.
Сакаат да конкурираат со цена затоа. Башка им избегаа асалните слаткари. Сега доволно е средно да имаш завршено и да те вработи иако не знаеш ни бомбици да направиш ама ќе научиш со работата.
Перфето лешник /жарбо земи па ќе збориме пак Сепак мене подобар избор од Перфето ми се ситните колачи, врв се
Женски ќе имаме роденден, за во градинката немам некоја идеа како шо да однесам, тие хартиените пакетчиња од каде ги купувате, ако имаат и онлајн да купам и шо се ставате во нив, торта ќе има за учителките шо носите?
За секој еден повод изминативе година дена ја нарачуваме, немаше дете што не и се радуваше на роденденот и не ја јадеше, башка се сечат совршени парчиња. Убава ми е, мислам ОК, колач со малку фил, ама вкусна, секогаш тазе, детска радост во боја.
Ние носевме како чашки хартиени и внатре имаше лижавче, крем банана и чоколадно бонбонче, свиткани си целофан.( слично како на сликата) За учителките пратив 2 кафиња и винчини тортици.
Во јамбо имаш хартиени кеси, можиш сама да си наполниш тоа што сакаш. За негователките јас дадов една голема Милка и еден сок.