Јас таму не би славела . Бевме на роденден, дека земја таму кај играчките ако може така да се наречат , лом се направија , дури и по лицето црни беа Башка која логика ја имаат, надвор заедно со други гости да ти наплаќаат 3.500 закуп? Зошто кога ми примаш и други луѓе? Што закупувам уствари? За храна имаат само пици, со готово тесто си ги прават малечки ништо посебно.
Аниматор за детски роденден за поголеми деца, ама да не е кловн? Не ги знам аниматорите низ градот, знам дека Војо Иванов може да дојде со животни, ама нешто друго освен него?
Ана за кој ти е ,за помалиот ? Има една девојка Вики,кај нас беше на големата роденден зимоска и тоа во кафе бар и многу убави игри им направи,се натпреваруваа нешто,ќе ти пратам бројче ако сакаш и не е скапа многу како другиве.
Не сум многу искусна во организирање на детски роденден (2 роденден ќе славиме, првиот со кетеринг ни беше), па би сакала да ве замолам за мислење за храна. Роденденот е на крај на јули, во најтополо, на отворено, па затоа сум на 100 ума. Планирам да имам помеѓу 45-50 гости возрасни. Се мислев да нарачам 2 кг мини пици од силбо - би дошле околу 70 парчиња, кило кифлички, 50 мини сендвичи од силбо, 2 големи тањири да наполнам со крем салата ( павлака, краставичка, ореви), дел со чипсови и сосчиња за мацкање. Ниту сувомеснато и ладни даски ниту похованици не ми се ставаат на маса некако.
Искрено јас би те советувала само сендвичите, претопло е за крем салати, ни саат нема да пројде пред да станат никакви од топлото.
Dokolku vi treba za dekoracija za rodenden na tema sladoled vakva figura od stiropor neka me kontaktira
За 50 возрасни некако е тоа премалце храна, јас лани славев прв роденден во двор на малото, имав 30 гости, порачав 5 даски скара, плус 5 топли даски( прсти тиквици и печурки , мајка ми ги пржеше), кифли, 5 салати патлиџан на кругови со пиперка и кромид, плус 5 ладни ордевери со ролати солени комбинирано, и макала од печени пиперки.имав 5 маси за по 6 души на секоја маса имаше исто. Мн храна ми остана. Плус пици имав за децата. Годинава би ставила комбинирани даски скара и поховано,кифли, салата,макало, сирење и пица за децата. Сакам да ангажирам некоја жена за послужување, би понудила дневница 1000 ден за да послужува само пијалоци и да ми помогне да ја сервираме храната на почеток.
Мини бургери од каде земате и по која цена? На мисла сум сама да си спремам само незнам мини лепињи каде би можела да нарачам? Некако 3 пати нарачувам а ниту еднаш не ми се допаднале од различни места , по 60 ден еден се движат @Tea SK пиши ми ќе ти објаснам каде полниме ние затворена си за пораки
@Mumoftwo30 мислам ти имаше пишувано за овие балониве со хелиум дека сама дома си ги местиш. Купив и лепак за балони. И сега како би изгледало тоа. Дека нема да бидат полнети со хелиум нема да лебдат нели. За што да ги закачам и дали со овој лепак за балони може?
Овие балони ги правев за малата, тие што се со хелиум ги закачив со тие балоните како црви што се, ги врзав доле, кај што е делот за дување и ги заврзав околу другите балони