Девојки а дали ги купил некој од биби и боби хартиените кутифчиња за во градинка? Дали лесно се пакуваат внатре некој да сподели само сини гледам имаат нема други бои
Девојки а дали ги купил некој од биби и боби хартиените кутифчиња за во градинка? Дали лесно се пакуваат внатре некој да сподели само сини гледам имаат нема други бои
Мислам во оваа тема едно време споделувавте каде праат фигурки за врз торта? Или да не знае некој каде да најдам убави пластични фигури од Пепа и Џорџ? И да изработуваат вакви пластифицирани:
Топери пластифицирани? Која големина? За на тортатат или за на мафини, јас правам, може да пробаме и да ги пластифицираме.
На торта мислев пластични фигурки да ставам, зошто планирам тортата да биде само трева со делче кал во средината, и да ги легнам во калта Пепа и Џорџ. Ама сите пластични што ги најдов по продавниците се чудни, како деформирани, не ми се допаѓаат. Па размислувам да смислам нешто со пластифицирани дводимензионални, или да ги имам за секој случај ако не ми успее првичната идеја, па колку да ставам на стапче врз тортата, бидејќи мора да биде со Пепа тема. Ама ако најдам тродимензионални убави фигури, би земала такви.
@eli25 може да ми кажеш и мене каде полните балони со хелиум? Дали знаете каде да ангажирам цовек-аниматор ама со балони од сапуница сто прават забава?Оние огромни балони ко со обрач.. И јас се спремам за роденден на малецкава.Нест ми беше првична идеа,но некако се разочарав по читање на коментарите погоре...Ај,може па и дома ке организирам нешто
Да, ние правевме во Нест и не сум задоволна. Тотално се неорганизирани од менаџер до келнери, плус на крај не покардоа еден куп пијачки куцани, неиспиени.
Јас од оваа година и откажувам љубов на Делициа. За сите родендени и на децава и мојот и на маж ми и на сите блиски купував од таму ама веќе не. Обична торта со две значи само две лавчиња мали фигури и ништо друго за 35 парчиња ми побараа 4500 мкд. Претераа значи..
Еднобојни балони поголема количина кај да барам? И имал ли некој тема Lego Ninjago да даде некоја идеја? Сега традиционално ќе барав идеја од @emkaemka ама она е тука за поголемиот Емке исправи ме ако грешам
Токму така, 7ца со Мајнкрафт ја сака, ама јас уствари сакам да е Лего, љубовта кон Легото баш си ја негува. Гуштери, змии, бубачки, штурци ја поминавме Еднобојни балони на Битпазар, Лулиште и на тезга исто имам купено. Не се некој латекс, ама ок се, евтини и не пукаат на дување, ретко фелерични се паѓаат. Темава, што сакаш направи, најди било какво кесе, кутивче и стави очите од Нинјаго, Лего сепак може да се вметне. Spoiler: Идеи
Кого да барам за анимација на деца 5-7 години? Не ми треба маскота, мислам сеедно ми е, само да има некој да ги занимава пошто во двор ќе правиме. Цел месец мислев дека имам договорено ама испадна дека не сме се доразбрале и сега ми кажуваат дека немаат слободно.