Истото ме интересира и мене. Цениве што ги гледам се прескапи за еден час а мене за во двор ми треба и тоа за 6 дечиња само
Здраво, ќе ве замолам за предлог за добар кетеринг,за детски роденден... Исто така ,ако може од искуство некој да ми каже ,колку количински би било ок да се порача, за 25 деца и 40 возрасни
https://www.instagram.com/grillandgardenskopje?igsh=MWpqZW9uMGtnNnhkaQ== Многу убаво и тазе им беше се. Со кетерингот се договоривме колку би било доволно храна за одредена бројка гости и пак остана скоро 1/3. Јо ка на фб исто можеш да ги најдеш, нема да згрешиш ни со нив.
Види ги Peaky Box na fb, insta. Не е класичен кетеринг туку мини храна баш соодветна за детски родендени, мини бургери, мини пици, мини такоци, мини хот дог... Превкусни се.
Можеш да си нарачаш кога да ти бидат готови. Инаку јас кога се прерачунав сфатив дека за таа цена добивам повеќе пица ако купам фамилијарна и ја исецкаат на коцки.
Дечки, спремам води, сокчиња, кесички со пуканки. Направив кутивчиња и чашки имам. Што да ставам во чашите? За кутивчињата се мислам за чоколадца или играчки (имам една ќеса со ситни играчки за во пињата па никако да се решам што да оди во пињатата што во кутивчињата. Не сакам децава да се буткаат, налутат... кој што ќе земе). Претходните родендени во игротека ставав по некој подарок пред секое дете ама сега дека во двор како слатка маса ќе наредам ама не знам што. Кажувајте
Како се со цени Перфето? Сакам да сменам ама пошо секаде не ми се баш по кеиф едино ореото од перфето ми се свиѓа. Не знам, не сум паметна. Во делиција за 45 парчиња ќе е најмалце 2200.... Значи само со шлаг сакам, сама ќе си ставам декорација.
Баш денес прашував во Перфето, 18 парчиња со шлаг е 900 ден., а со крем 950 ден. Пресметај за 45 колку би те фатило.
Здраво, Торта Орео до 40 парчиња = 4000 ден. До 50 парчиња = 4800 ден. СЛадок поздрав Еве што ми пишаа мене Не очекував ваква цена
Е ајде де, торта со шлаг и еве ај мрвици у боја... Баш се разочарав. Им пишав за торта орео 45 парчиња и ова ми вратија. Која и да е прерачункава не иде никако
Претерано е... Ќе си се вратам на делиција Грешкааааа моја грешка толку гледам. Слаткарница њу јорк... Кај прочитав перфето, бог да чува.
Нема логика. Ако за 18 парчиња со шлаг е 900 ден., му доаѓа 50 ден. парче. За 45 парчиња треба да е 2250ден. Од каде извадиле за 40 парчиња 4000 ден. стварно не ми е јасно. Други часови по математика сме посетувале.
Пробај ги Ла Крем. Јас кога нарачував за ќерката, најевтини беа. Чоколадната има перфектен чоколаден вкус, се топи во уста.