Јас веќе втора година по ред зимам торта само со шлаг една единечна и една деокорирана како еден ролат. Поефтино и поубаво ми е така. Прво ја сечеме ролатот, после единечната и секогаш ми останува парче за дома зошто секогаш имам и дома гости. Минатиот пат за 2 торти платив 3200, едната со баш голема декорација, другата нели со шлаг. Поефтино амин. Извадив скоро 50 парчиња ако не и више.
Продавам декорација за роденден на тема диносаурус( преовладува зелена боја), нарачувани од шеин и али експрес, ке ги дадам по поволна цена ако има заинтересирани. Сменивме тема последен момент и се ми остана неискористено и ново. Имам позадини две 100×150цм, една за врата 120 на 60 мислам беше, едно пакетче балони, топер за торта(фигури) и сл. Ако некој сака слободно пишете ми ке пуштам слики во порака и ке се договориме за поволна цена.
Каде да најдам реквизити за вакво нешто? Сакам да им направам на децата со тема minnie, па се мислам во магацините на битпазар дали имаат нешто и за детски родендени..
Kako ste zadovolni od igrotekata avantura i sto najcesto nosete za hrana, prv pat ke pravime vo igroteka
Нарачав од перфето - орео 40 парчиња со шлаг и само мрвици во боја од страна 2100. Во делиција за 45 парчиња ми рекоа 2450 Ама според тоа што видов гоелмината е иста. Сега останува уште да биде убаво времето во сабота. Ајде тешете ме дека нема да врне....
Те тешам, баш преска коментиравме со мм дека во сабота сонце ќе пука, да одиме некаде Ако ме лаже, те лажам и јас
Роденденот помина супер вчера. Деца си изнаиграа... Тортата од Перфето-орео сите ја пофалија. И мене ми се допадна.
Девојки, за прв роденден во градинка што носите за децата? Мислев хартиени кутии, ама за во јасли што да ставам внатре ?
Купи по едно шмукалче за сите, спакувај ги како торта, машна, некој топер. Стварно не знам/нема со што би се наполниле кутивките на толку мали дечиња.