Путер колачиња од кои сте задоволни со изработка? И фотограф нешто во стил на Симона Калица. За Скопје. Фала
Кај нас сите даваа смоки, сокче, чоколатце ако е поголемо кутивче или ќеса. Ако е помало, крем банана, чоко бисквит, лижавче. Без разлика што беа јасли децата. Додуша скоро па ништо од ова не касна ќерка кога и да и донесеше. Инаку ми се допаѓа и мене идејата со шмукалче.
Ме потсетивте дека треба нешто да спремам за градинка. Ова со шмукалче супер идеја. Дај пратете некоја слика тие што имате дома правено торта од хартија или нешто слично. Тешки ми се идеите на јутуб што ги има
И кај нас во градинка често пати за родендените имало шмукалче, како тоа изгледа пред да им поделат на децата не знам ама е супер идеја. И јас би сакала доколку правела некоја мајка да сподели идеи како тоа изгледало.
Гледав на тик ток торта од киндер чоколадо ја направи со стиропор. Круг од стиропор стави на сред и по него излепи чоколада и внатре го пополни со други чоколада. Јас планирам нешто вакво да направам со шмукалчиња и внатре да го полнам со овошје. Да го врзам со машна и врз овошјето да боцнам свеќи. Е сега ова ми е во глава, кој знае како ќе изгледа. Супер ќе биде ако некој прати слика
Кај ќерка во градинка имам видено и корпа со овошје ( во поголемите групи). Овошјето со панделки и стикери украсено. Ова во договор со воспитувачките и да се искористи потоа како дел од ужината.
Секогаш тргам од мојот што јаде, пие и така праќам частенки. Ми нема ни поента да е поинаку, пример мојов не пие сокчиња, не јаде крем банани, по чему па со тоа да части и само да го донесе дома. Идеи.
Супер идеи, фала ти. Планирам да направам слично како втората слика па ќе прикачам овде, да не ми се смеете
Да не знаете денес дали на бит пазар работат тие дуќанчињата кај полицијата кај што има работи за декорација за роденден? Знам дека е недела, ама за бит пазар се работи па може некоја знае
Иако ни е рано, многу се мислам за роденденот, лани ова време резервирав. Ми требаат предлог игротеки како лавли, кидли, за 3ти роденден. Лани бевме во лавли, се изнервирав затоа што порано дојдоа гостите после нас што славеа и реков последно славам во игротека, ама полека си го повлекувам зборот. Лавли не ми бега, ама сепак се мислам. Во декември ќе е роденденот. Некако другиве игротеки мали ми личат, или делот за деца или за возрасни. Многу сакав дома, во стан сме, ама и 10 деца да се дома, па и 15 возрасни ми се одвраќа мислата . А од градинка веќе се канат, па ако е во игротека ќе ги поканиме, ама не знам ни колку деца би дошле од градинка. Лани беа 13 дечиња од друштво, 3-4 не дојдоа. Или се мислев некој кафич ама немам идеја како и кој да анимира 3 годишни 2 саати.
З деца на таа возраст најубаво игротека. Доколку каните од градинка, гледајте игротеката да е блиску до населбата. Пример ако сте од аеродром, ќе барате некоја игротека таму, така барем ние правиме. Најдобра опција е таа, 2 часа изморени анимирани и секој дома. Дома не би славела ни со 5 деца, си треба и место и треба да сум на нозе цело време да носам, да служам. Вака, раат глава
Немаме игротеки во близина тоа ми е мака. А и децава ни се раштркани, не ни се баш од населба, ги носат овде пошто им е блиску до работа. Затоа не се врзувам со локација, ама од аеродром до тафталиџе пример.
Хмм. Џунгла игротеката ми е ок, Плеји двете исто се добри, авантура.. Единствено е лошо за паркинг, џунгла има простор за паркинг нп не голем, плеј кај алумина е снаоѓање. За авантура не знам искрено. Натаму накај кисела вода, аеродром, не сум била во игротека, освен во Бајка, ама мал ми е просторот за возрасни некако.
Мене ми се свиѓа ептен Wonderland, ѕирни ја таа. Не сме славеле ама неколку пати таму сме биле на роденден. Некако за таа возраст ми е ептен погодена зошто ги гледаш децата, девојчињата што работат се ептен фини и ги пазат и играат децата. Плус широк паркинг има и внатре собира доволно возрасни.