Ние сме славеле и оделе на родендени во Jumping Clay, Tinkerlabs, кугланата во ГТЦ, театар за деца и младинци, кино (иако ова не е баш за таа возраст), адреналински парк. Знам рече не сака игротека ама убаво си поминуиваат и во таа интерактивната во Vero Jumbo (со екраните за поголеми деца) и во Дајмонд во долниот дел (исто интерактивно со екрани). Убаво си поминуваат и во парк со аниматори и/или некој кафиќ па со аниматор (неколку пати сме биле во Јавна Соба и неколку пати во Нест така). Има и опции за играчници и Ласер таг ама тие ми се пак за поголеми.
Минатиот роденден направив една ваква торта од кутија за подарок, сега ќе си ја користам секој нареден само внатре ќе ги менувам пакетчињата и топерот
Хартиени чаршафи за маса имате ли видео некаде? Во Џамбо имаше само бели и еден виолетов а и во Веро истите бои беа и оние класичните со некоја шара со дрво со маслинка во гостилница што ги ставаат, другонсве беа пвц. Значи ми треба каде што има избор на бои. Фала
Mom's Искуство со родендени во недела и торта Што ми е посигурно достава во сабота во игротека или да си ја земам дома во сабота па да носам во недела во игротека?
Јас сум правела и така и така. Искрено подобро ми беше кога остануваше во игротека, поголеми им се фрижидерите, дома морав да мрдам 2 решетки за да ја ставам, баш едната торта ми беше висока со декорација. Ско во игротека не ти прават проблем, ја би таму. Летово бев на роденден вп Нест, а беше сабота. Фрижидерот имаше 4 торти а ние бевме во последниот термин, претпоставувам дека беа за наредниот ден за родендените.
Зависи од фриждерите во игротеката Вториот роденден дуваше свеќа на распадната торта. Ја однесовме 3 часа пред роденденот зашто беше голема и дома немав место, а фриждерот на најслабо им бил пуштен и тортата се распадна. Spoiler
Јас ја чував дома. Ми рекоа дека за да ја чуваат таму, треба да ја однесам после родендените во сабота, дека немаат место претходно.
Леле стварно не знам што да правам Роденденот е во недела од 18 а од Зафир ми нудат да ја донесат во сабота од 12-16 часот.
Искрено по ова нас што ни се случи, би те советувала извади ако треба се од фриждер, но дома чувај си ја. Сепак многу саати се во прашање.