Па ја би ти рекла да И јас една тројка и балон два околу него...да не застанат да се сликаат случајно
Јас и земав 3ка од Пики и балони темтски 10, све ме кошташе 230 денари, па тие да ти биле за со хелиум, а полнење 1 балон 250 денари, па ги брцав по саксии во Нест и го терав менаџерот да се качува на чадори да ги закачува. Може затоа ме покраде, за освета што се пентареше.
Исто искуство како @Tea-sk. Плус не е многу прегледно во делот каде што играат децата. Мојот е помал 2 години има, морав цело време внатре да седам.
Мојот е 3, ама бесен е многу и морам и ја цело време да го надледувам. Леле значи не можам да најдам асална игротека
Моево неделава полни 2 годинки, во Плеј кај Олимпико резервирав. Сум одела таму на родендени со него, а и така кога е слободно да си игра, топ ми е. Може сам да си игра, да не морам да трчам позади него, а цело време да ми е на видно поле. 5 дечиња ќе бидат на иста возраст како синко, па и за нивните родители супер ќе одговара, затоа што делот за возрасни е некако убаво поставен. Ние нема да имаме многу гости, 10 деца ќе бидат (другите 5 се на возраст 5-6 години) и 20 возрасни.
Пишала Теа погоре, ама според мене не ни има дел за возрасни, надвор летно време бевме 5 маси со по 2 столчиња, едвај кафе да стаат, а внатре двајца до вц да влезат гужва се праи, не знам како ги местат.
Топ ти е Плеј за таа возраст и таа бројка на луѓе. На многу родендени сме биле таму, стварно многу се посветени девојчињата, ги анимираат децата. Јас ќе имам од 30-40 возрасни, зависи колку ќе дојдат од градинка, така да делот за возрасните ќе ми биде мал.
Види Џојленд, на 2 родендени сме биле, топ беше. Голема, нова, чиста. Само од таму не и биле црни топлинлите ппсле роденден.
Жени од каде да земам балони (најобични во боја) а да не цени срце да ме фати, Ali отпаѓа од варијанта.За во среда треба да се искористат.Ми требаат 10.
Предлог кај можат да ја направат тортава без Мини да изгледа ко производ од инцест? Од Делиција сум доста задоволна , ама не беа комплицирани декорации првите 2 години
Хахахахахахахахаха, значи умрев, производ од инцест. Ние за втор ја имавме Мини ама принт на фондан беше топ изгледаше, од Ла Крем.