Mystore и Пики, имаш секакви комплети релативно ефтини. Ако не ти се чека достава наједноставно ти е Џамбо а најефтино на Битпазар. Да не ја менуваш Делиција, немаат утка. Кокомелон и еднорог торти ми направиле перфект, доста детални, поедноставни со други теми исто. Каква слика сум пратила, идеално исто ја прават. Едит: на темава торти, лево е нашата торта во 2022 од Делиција, десно е торта од моцарт што ја постираа 2 недели после роденденот на малата. Ако некој рече дека најскапото е најдобро, еве сликава да му ја покажете. Нашата торта беше 3000 ден а во Моцарт колку што знам не се помалку од 8-9 илјади минимум.
Јас лани со тетрапак сокчиња сама си направив. Врзани во круг, околу нив и одозгора хамер, и врзан хамерот со тие лентите за виткање поклони. И горе хартиен топер за вистинската торта, роденденот го славевме претходниот ден па веќе не ми требаше. Долниот спрат беше само хамер со една сликичка напред. Немам поубава слика, учителката ова ми пратила
Јас секогаш сум нарачувала за посебни прилики од Делиција и прекрасно ги изработувале, ама оваа година нешто со цените забегале. 1680 денари поскапа понуда ми дадоа од другите слаткарници, за едноставна торта од 30 парчиња со една фигура. Искрено не ми се даваа, а и последниве два-три родендени ролати што сме земале не ми се допаѓаа, некако не им е ист вкусот како што беше. Нарачав за овој роденден на малиот од Перфето, гледам доста се подобрени во декорациите. Слушнав муабет дека декоратерка од Делиција заминала во Перфето, па според ова што гледам на сликите има логика.
Јас пробувајќи да уштедам, почнав да нарачувам поедноставни декорации на тортата па од Алиекспрес нарачувам декорации. Лани торта Фрозен нарачав торта само со снегулки, па замок и елса топери од али. Годинава пак јуникорн, мислам долен ден со виножито, горен дел цел бел, па имам очи уши и рогче како топери од али. Овие погоре тортите што ги ставив се нарачувани во 21ва и 22ра, прелани имаше декорација ама само машнички и формата на главата на мини маус, немаше детали, лани само снегулки, сите биле околу 3000-3500 ден за 40-50тина парчиња на 2 спрата. Ако е премногу поскапени би сменила на торта со шлаг, ама на тема како искачаат декорациите во споредба со цена, до сега сум била презадоволна. Да ја ставиш тортата од Перфето баш да видам, може ќе ми смениш мислење.
Оваа година за 30тина парчиња Канела, Перфето, Ла Крем, Грими (Куманово), ми побараа 3500, две-три други онака што прашав ме интересираше само цена, ми побараа 3000-3200, а Делиција 5200 скоро. Мене и 3500 не ми се даваше, а не па 5000 за торта од 30 парчиња. За споредба, во Делиција роденденската лани ја платив 4500 за 60тина парчиња, за кума на роденден 3500 платив 40тина парчиња, за свадбената во '22 од 70тина парчиња со путер крем 5000 ден. @LiquidLuna уште не дувавме свеќичките, ситно броиме
И ја сум многу задоволна од Делициа ама веќе не нарачувам кај нив зошто и они ги дигнаа многу цените. Кога ја имавте нарачано тортава и колку парчиња ? Јас за торта со две мали фигури лавчиња друго ништо 35 парчиња ми побараа 4700 мкд.
Јануари 2022, киндер вкус, 40 парчиња, 3050. Во 23та 3500 сум платила, во 24та 3600. Ама последниве 2 пати поедноставни беа декорациите, пак од фондан, само нема баш конкретна фигура (силуета на мини маус и машнички, и снегулки на еднобојна позадина). Декорациите дефинитивно влечат на цена најмногу, сепак зависи каква замисла имаш за торта. Пишав погоре, и јас веќе одам на поедноставно за да ми искочи поефтино, па топери нарачувам од алиекспрес. Ама дефинитивно ќе речам дека немале утка во делиција без разлика дали едноставна или комплицирана слика сум им пратила. За 50от роденден на мајка ми им пратив слика од куќа, не само куќата што ја направија него и целиот двор до најмал детал, до џуџињата што беа во тревата како декорација.
Знам дека немаат утка. Сите торти од таму ни биле. И комплицирани и едноставни. Ама последниов пат кога ми побараа 4700 мкд им откажав љубов .
7ца Minecraft. Spoiler: Кенди За во училиште. Торта. Игротека Wow Land. Одлично искуство, се си беше на место, погрижени за се. Најпозитивно изненадена од сметката
Јас ги имам 2те сталажи од Пики, долу се полнат со вода и стабилни се, едното 3 родендени помина, другото 1 свадба а евтини се, од таму се се исплаќа. Последните 2 години јас дома торта правам лани готови пандишпани купив и само фил направив, намачкав и преуба испадна тортата, 50 парчиња и поќе испаднаа за околу 800 ден горе стикери само наредив и така.
Многу убаво си поминавме, се си беше супер, девојчињата цело време кај децата, не знам што правеа ама деца не осетивме, фини сите, љубезни, помогнаа и поклони да се внесат во кола. Самата игротека мене ми е многу убава, нова е секако, ама многу чиста, пространа, го завршиле и делот надвор, ставено има греалки и може да се седи. На децава им инсистираа да си пијат сокчињата од маса кои се во закупот, не беше она "а сакаш ова, одма од шанк отвара нешто друго", туку фино лепо им отвараа/подаваа од тие, па една слушнав им рече "тука ова има" Сакаат вода им носат во пластична чаша од чешма, само ако побараш ќе добиеш флаширана и тоа кај возрасните. Најзезнато е за паркинг..
Имате ли искуство со цени и фигури од фондан на торти во Романса? Ве читав горе за Делиција пофалби и 90% би нарачала од таму бар сега за првиот роденден, ама за Романса се се постари мислења и не знам ни какви им се на изглед ни со цени како се. Мене ќе ми треба само една фигура од фондан мислам дека, па ако знаете да ми кажете.
Канела ми се супер на вкус ама имам блиски другарки што баш за исти прилики имаат порачано и тортите им ги донеле полу смачкани.. само затоа не ми е во предвид
7 години по ред , полу смачкана торта никогаш не сум добила баш напротив ептен погодени што сум побарала тоа и добила. за двете деца секогаш од таму а какви се тие полусмачкани торти
Цената зависи од тоа што сакаш, ама секако е скапо. За првиот и вториот роденден на син ми од романса беа тортите. За првиот беше една фигура голема и они ја одредуваат големината на тортата, не може на пример ако сакаш малечко тортиче. Како и да е, задоволна бев од крајниот резултат. За вториот роденден беше на спрат и имаше неколку фигури и исто беше како што барав. Кажуваат за некои ситни детали дали можат, што не може, што ќе сменат ама тоа беа ептен ситни детали. За првиот мислам платив 4500, а за вториот 6000. Ама низ магла ми е се. Не знам дали е уште истата мајсторка, вајда е. Ова е пред пола година и година и пол искуство.