Mom's Треба за саат време да ја достават тортата кај мајка ми, блиску е до игротека. Роденденот е утре во 6. Од Зафир ми викаат да ја чувам на температурата од 2-5 степени пошто долниот дел е од ганаш. Во игротека имаат место дури вечер да ја однесеме. Што викате да ја ставаме во замрзнувач или скроз ќе се заебам?
Дајте идеа за во градинка во јасли покрај шмукалче што друго да им однесам отприлика 30 дечиња ќе се за роденден.
Среќен роденден ѕверка, да си жива и здрава и брлива . Истата Мини ама црвена ја имавме за втор роденден
Јас прв пат нарачав од Зафир и сум презадоволна. Торта доставена во сабота сабајле, не мрдна до недела вечер
Мајки дали некој од Шарлота зимата торта во скоро време, да споделите мислење какви се на вкус и изглед?
Леле преубава тортава, ќерка ми ја гледа, ваква сакам вика Таман одлучи за Bluey торта. Којзнае уште колку ќе се предомислува до 31 јануари
Кај можам да најдам вакви мафини (сама би додавала декорациите горе) и да не се 100 денари парче? Делиција се толку, не знам кај прават на други места и немам ни сама правено никогаш. Ако имате и рецепт и тоа би ми помогнало дај шта даш
побарај во подобро снабден маркет, јас ги зимам од локален маркет, 6 се во пакување, мислам околу 70 денари се и вкусни се многу.
Преубави се, баш ќе им пишам уште во вторник со слики да ми кажат дали може да се направи нешто слично на идеите што ги имам и колку ќе ме чини Фала ви најмногу ќе проверам сегде не ми требало до сега и никогаш немам загледано затоа, ептен и ќе заштедам ако си земам вака