Тешко дека ќе ти кажат било што. Неколку пати кога сум се јавувала ме терале да одам диркено во дуќан . Инаку да за декорација стварно се добри. Ама и цените им се соленки.
Исто и мене ова ме одврати од нив, директно во дуќан со капар, па сакам чисто информативно да знам ама тоа е
Мислам оти они лично што продаваат во дуќан немаат врска со тие што прават торти и одредуваат цена, иако може да препрати, па да чека одговор, па тебе да ти одговара, па ти да враќаш.. реално и ја би лично хаха. Имаат кренато на цена доста ама не знам пример за вкус лично мене ми се најдобри, за првиот роденден на големата ќерка беше од Моцарт и рековме никад више ама пошо згрешија еден дел и на маж му дале попуст, па набргу мене роденден и од таму нарачал и само се потврди дека не се добри, освен за декорација. Од Делиција золва ми нарачува ама не декоративни, сме зеле за дома да порбаме, пошо поефтино беше за роденден и сакавме таа со тинкербел да ја направат ама ич не беа сигурни, па и вкусот не ми беше по мое и пак остамавме верни на романса
Ние ја имавме Елза сега за роденден од кај нив. Ептен срцки ми беа. Дојде маскотата и уште едно девојче и многу фини игри и активности имаа со децава. Исто и цртање на лице имаше. Сликаа се и ни ги пратија сликите до вечерта. мислам.
Сакам да земам торта од канела за роденден и сама да ставам фигури од Шепите, ги најдов во Долче. Бил некој таму да нарачува? И други, за 15 возрасни и 10 деца колку пици требаат и кифли и салата, друга идеја нешто? За трети роденден во игротека.
Дали некоја од вас била на Копаоник и знае дали има слаткара што прават торти? Најобична, деко ќе си нарачам од амазон
3 пати сум била класика слаткара за торти не сум видела. Евентуално да прашаш во ресторанот во хотелот каде што ќе бидете. Јас во Краљеви чардаци идам, во нивниот ресторан има парче торта да нарачаш, претпоставувам прават цели торти
Ох лелее таму ќе славиме роденден, не ни треба голема торта 5-6 дечиња ќе се ама барем да дувне свеќа.на Фб има мали принц се вика, им пишуваме дали работат ама не враќаат..
Мислам да прашаш во хотел некој со ресторан ти е најдобро. Јас освен ресторани, кафичи, аптеки, некое продавниче, не сум видела нешто друго во конаците. Евентуално да има негде вон нив.
Ако мислиш на тие со декорации со балони, за сликање... Има повеќе опции, зависи што сакаш и каква ти е замислата. Наједноставна и најефтина опција е постер хартија, сепак зависно од големината нели но обично таква слика не може на друго да се испечати, освен како сложувалка ливче по ливче па да спојуваш лепиш .. А и пак ќе ти треба основа зошто инаку како ќе стои. Таблите обично се прават на форекс. Тоа е бела основа па се штампа на самолеплива хартија/фолија...
Како сте задоволни од грил енд гарден? Лани Две сестричиња ни беа и задоволна бев, а игротекава оваа година ми нуди некој пакет со кетеринг од грил енд гарден. И славел ли некој во Планета среќа? Оставив капар ама некако не ми остави посебен впечаток, онака мех, ама како и да е ќе има и диџеј така да не ми е битно многу.