Последен рок за испорака ми го дава денот кога ќе славиме Страв ми е дека нема да стигнат на време, затоа вака подобро од некаде да одам и да купам
Здраво, Мислам дека не сум ја утнала темата , ако е така нека се премести мислењево. Да ми препорачате место за роденден на 9 г. девојче ? Гледав понуда во Диско кидс , ама за над 20 деца е 15.000 ден. Некако прескапо ми се чини, поготово дека плус ќе има и некои родители кои си ги чекаат децата , плус торта, и испаѓа 350е роденден само за децата . Немам идеја каде на друго место. Ми одговара реон, Ѓорче, Влае
Родендните им се работилници. Јас баш им пипував за роденденот на мојата, ама малецка е уште. Теми за родендени кои може да ги одберете за прослава на роденденот на вашето дете: ✓Мали шефови во кујната - Приготвуваме лесни и вкусни рецепти, украсуваме колачи, учиме за нутритивните вредности на храната. ✓Натпреварувачки игри - Пикадо, квиз прашања во балони кои треба да се пукнат, ласер од конец низ кој треба да се помине, детективски задачи... ✓Мали уметници на платно - Сликање на платно за креативно и забавно искуство. ✓Вселенски авантури - Изработуваме модели и ракети, видеа и слики од Сончевиот систем, гледаме во небото со телескоп, учиме за вселената. ✓Магична наука – Експерименти со вулкани, магнети и магнетизам, правиме слајм... ✓Експерти за природа - Истражуваме растенија, создаваме мини-градина, садиме цвеќиња и учиме за животниот циклус на растенијата. ✓Мали инженери - Градење на мостови и структури од различни материјали, учиме за принципите на механиката ✓Диско забава DJ + Dance challenge + караоке ✓Sony Playstation 5 со најновите игри Од 6-8.000 им се работилниците, за до кај 25 деца како што ми пишаа. Пиши им https://www.instagram.com/miamarija2024?igsh=M2Q5MTBhZXBuY3Qz
Куглана Борис Трајковски, киното во Сити мол, Game zone - овде играат некои игрици, овие се во Карпош 4. За цени не знам. Ако е спортски тип Ногоми фитнес во Хром, вежбаат, се натпреваруваат...
Од каде торта, да биде убава на вкус и тазе, убаво украсена (фондант или путер крем) и нормални цени Околу 60 парчиња ми требаат.
Јас лани и полани нарачував по 60-70 парчиња, ама од Штип ми ги носеа и ми беа со нормални цени. Не знам за во Скопје каде да барам. Делиција 6300-7300 ми побараа за 60 парчиња Секаде се така со цени?
За прв роденден на ќерка, нарачав торта од Моцарт, на 2 спрата, 50 парчиња, 6500 плативме. Ама си имаше фигури и доста ситници.
Далиција највисоки цени ми даваа последниве две години. Прашај перфето или ла креме попристојни се од делиција
Дали некој од скоро славел во Fun Time во Влае, но без мени? Дали крадат на пијачки и дали ми е подобро понуда да земам? Ептен покачиле од лани Лани чинам 100е помалку им беше понудата па се исплатеше, сега вака некако многу ми доаѓа.
Свадбена имав од таму јас и не беше ни слична на сликата што им ја дадов кога ја донесоа. Не знам каква торта сакаш ама ако си одлучена за таму ројал вкус беше стварно убава барем тоа