Скоро секаде, мене па лани од Штип за 6000 ден ми кажаа, за оваа година којзнае по колку ќе се. И тоа повеќе од 60 парчиња немам порачано.
Што ќе ти се толку парчиња? И да имаш 70 гости, ако славите во игротека, не сечат големи парчиња, пола торта ми останувала секогаш. Најчесто имав околу 40тина луѓе, порачував толкави торти, остануваше повеќе од пола, иако сите беа послужени, некои и по двапати. Не знам како ги сечат тортите во игротеката, ама сите добиваат парче и плус остануваше барем пола од тортата. Јас одев на тоа да не ми останува воопшто торта за дома, затоа што ако ја замрзнам, нема ни да се изеде, и така ќе ја фрлам после неколку месеци. Имајте на ум, тркалезните торти се секогаш поскапи од коцкастите, бидејќи трошат повеќе материјал, иако не изгледа така. Ова од искуство со две деца и со родендени, научив да бидам економична со тортите, оти испаѓа дека пола секако ја фрлам, па да не ми одат парите во ветер. Повеќе од 2000 не сум платила за торта со 40 парчиња. Ако имаше декорации со фондан беа поскапи, ама бирав принтани слики, децата секако се радуваат кога ќе има на тортата слика од нешто што го сакаат. Сум нарачувала од Шарлота (тотална утка, и на изглед и на вкус), Романса (презадоволна, имав торти со фигури од фондан од кај нив, преубави беа, ама прескапи, ми дојде умот дека се џабе фрлени пари за фигурите, со цени отидоа во плафон уште пред короната, а расипаа квалитет), Ве микс (ок, пристапни цени ама просечни торти) и Делиција на кои им останав верна, постојано земам оттаму, бидејќи според мене имаат најубави торти, со ок цени. Не се со купишта маргарин како од Шарлота и Канела (последната од Канела што ја јадев за детски роденден беше благо кажано одвратна, како да јадам благ кристал маргарин и после прв залак отиде во канта). Мој совет е да не претерувате со тортите и декорациите, реално, не вреди, децата не се толку захтевни, освен ако сами не ги научите така, дека мора да имаат екстра џиџани торти, макар само за слика.
Па така некако ни излегуваат околу 40 возрасни и 30деца Затоа мислев 60-70 парчиња, да има за сите. Можеби си во право, на децата секогаш мали парчиња им сечат по родендените. Може да нарачам од 50 парчиња.
Ние со 70 гости поминавме со торта од 30 парчиња и на крај ни спакуваа уште 4 нормални парчиња за дома. Баш е како што пишала членката, во игротеки сечат мали парчиња.
Јас правам декорации за роденден, крштевки ама не знам каде да се рекламирам никој не се јавува не сум скапа како другите од 1000-3000 зависи каква декорација сакаат. Како да се рекламирам имате ли идеи?
Инстаграм не помага? Реклами имаше порано на фб за 5€ врти месечно(можеби и не беше месечно, оддамна ја затворив фирмата) како sponsored. Друго... Најдобра препорака е од луѓе. Стави сликички тука од твои декорации па може на некој ќе му фати око
Инстаграм. Ќе си сликаш, ќе правиш видеа од твоите декорации и ќе објавуваш и со спонзорирани постови.
Нарачав од Штип, само не од слаткарницата кај што нарачував претходно, ама и оваа ми е проверена, за 50 парчиња 2800 ми побара. Јануари од таму за 4000, 80 парчиња нарачувавме за друга пригода, преубава беше и на вкус и на изглед.
Само Happy birthday имам видено вакви овде, а сама можеш да си направиш на Word и да ти ги испечатат на потврда хартија. После само по две дупчиња од страните горе и врвка ќе ти треба за да залепиш на ѕид.
Фала. Имаш идеја како да го направам на Word? Една буква на една страна А4 или поинаку? Малку тапа сум за сама правење ама ќе се обидам
https://herbi.mk/product/rodendenski-baner-hbd-pastel/ https://kares.mk/product/on-the-go/...orations-set-set-za-dekoracija-birthday-gold/
Dreamy Designs, на Фб да провериш. Топери и украси за роденден изработуваат. Може би направиле и нешто вака.
Од каде можам да нарачам убава посна торта за роденден, а да е и убаво изработена на изглед? Гледам во Канела прима имаат посни вкусови, искуство со нив?