Јас не сум,ама колешка ми кажа за кетерингот,затоа и пишав тука да слушнам и др мислења ама никој не ми одговори Па кратки сме со време,за сабота ни треба и немам време други да барам Па ќе ви пишам како сме поминале во сабота
Женски, знаете ли каде да најдам кутии за градника за поклончиња, по можност со Спајдермен- како на сликиве, само да е продавница, да одам да купам, не да порачувам (немам време ). пс. извинете за лошата резолуција на сликите.
Неколку пати пробав сезонава на родендени и можам да кажам ако сакаш да поминеш поефтино а да имаш фина торта на лик е ок. Ама вкусот е малце лош.
Па не знам, делиција ми побараа плус 2000 од редовната цена на тортата....а не е со фондан, ќе има фигура испечатена на шеќерна хартија и некоја звезда. Затоа давајте идеи за слаткара.
Искрено јас најдов една фина слаткарница нарачувавме за маж ми и за внукот од таму. Слаткарница фемели, во Инџиково е ама за 100 денари плус доставуваат било каде. Многу убав вкус. Цената за торта 20 парчиња со печатена слика беше 1000.
И перфето се поефтини од делиција. Ама ни перфето ни ла крем не работат недела. Перфето нема ни достава, а ла крем може да ти ја достават сабота попладне.
Јас со шлаг нарачувам цело време, вчера за малиов 10 парчиња округла со топчиња од фондан 1000ка. Ама не се 10 парчиња, 20 се вадат, 15 луѓе јадеа и ми остана уште четврт торта.
Здраво , ми треба помош. Де мислам најпрво дали ми се исплати сите возрасни најблиски и со деца и без деца да ги викнам во игротека на 2 саати + кетеринг или не , дека ако не ги викнам овие што се без деца во игротека после дома ќе ми доаѓаат и пак нели за да послужиш едно мезе пак пари требаат .. Инаку оние што се со деца пак има и до 12 год , а моево е 2 години па ми треба игротека АКО има да опфати да се забавуваат безбедно сите возрасти. АКО ги викнам сите и со деца и без деца дали можам да поминам со пијалоци , кафе и кетеринг + игротека максимум 250€? Фала многу, ве молам помогнете и истотака предложете игротеки , до најдалеку од влае накај карпош, центар … да не е по можност Лисиче или К вода многу ни е далеку!(ама и ова да е единствената опција, сепак предложете) Фала многу!!!
Јас торта нарачав од лапетит во лисиче,35 парчиња чоколадо малина вкус со фондан за 3 илјади денари и тоа беше најефтината понуда што ја добив за тортата А за кетерингот бибер и сол само пофални зборови од сите,преубаво,превкусно и тазе беше се и се се изеде Така да препорака од мене за тој кетеринг