Дефинитивно згрешив што ги сменив Канела Перфето на вкус нема подобри , ама декорација просек, големина да не зборам. Споредувам со ланската торта од 40 парчиња на Канела и Перфето , од Перфето е очајно мала. Кетеринг од Две сестрички, мене ми се допадна се беше тазе и вкусно и гостите исто бендисаа се се изеде Дримленд веќе не ги бива , тоа вработените -освен едно девојче , ужас, анимација 0, и јас никаде не сум видела толку брзо да ги избркаат гостите уште 15 мин пред да заврши роденденот сите надвор .Собраа се , избришале маси , мбогу неубаво. Култура нула. Шкртнати од мене. Плус сокчиња на децата носеа ко луди , 40 сокчиња мали и као од нив 10 што мислам ми ги наплатија сепак
Кој вкус го земавте и колку ве чинеше тортата? И јас се мислам оваа година да ја сменам канела за перфето и уште незнам што да правам...
Шо имавте во менито oд кетеринго? Многу ефтино, овде во Битола прашував за крштевката за 15 души 20.000 ми бараа
Мене лично ми дадоа 1.200 ден пониско од Канела , за истите парчиња 40, 2700 ја платив во Перфето @Pippa жарбо ,2.700 но сепак Канела не ги менувај за Перфето
Ќе ве молам некој ако има искуства да сподели за костарика или peekybox за кетеринг? Се мислам меѓу овие две неможам да се одлучам
Peakybox за првиот роденден нарачав јас, немаше еден гостин што не не праша од кај е јадењето И уште ми пишуваат и ги викаат и за нивни родендени. Не знам за костарика ама од овде сме презадоволни. Побарај и во делот “Дете” овде на форумот во темата за родендени, многу ги фалат.
Во кој дримленд славевте? Пример колку плативте за пијачки, за колку гости? Знаеш дека на секој чекор го слушам муабетов.
Јас пак бев минатата недела на роденден имаа кетеринг од пикибокс, искрено катастрофа Кај мини бургерите плескавицата тенка, тенка се распаѓа, тостот минијатурна шунка и кашкавалче и син ми зема една тортиља со црвен грав , баш ништо не ми беше вкусно А на изглед супер
Леле не знам јас сум сега за следна недела баш на роденден исто кај блиски што нарачале па ќе видам како ќе е, ние пред 4 месеци правевме буквално секој од гостите праша од кај е и цело време стануваа да земат храна, се смеевме дека ко ненаситни беа
Леле а јас нарачав од Ла крем ми се виде ефтино 3600 за 40 парчиња зошто Зафир за 45 ми побараа 5900 и се си мислев и Канела е како зафир таа цена. Ист впечаток и јас добив од роденден сега скоро
Јас за мојот роденден земав од Ла крем и се разочарав , фил нула све пандишпан. Не знам што толку ги форсираат Канела за 5500 ја платив лани за 55-60 парчиња со декорација чисто за инфо
Мене ми ја испофалија Ла Крем а не сум пробала до сега. Земав чоко-малина на среќа зошто немаше никаде состави на торти на интернет, па ќе видиме во вторник како ќе испадне