Последниве родендени каде што бев од Канела беа сите торти. Фереро вкус не беше лоша, ама онака просечна би рекла. На два родендена имаше нутела малина, полоша торта од таа одамна немам јадено. Дури и маж ми не ја дојаде што буквално нема лошо благо за него. Инаку поевтини се моментално од другиве и добар дизајн имаат ако ви е важно тоа. Ние редовно ја земаме бела грчка од Зафир, за детски роденден мене ми е многу убава и кремаста. Дизајнот секогаш ми го прават како од слика. Ама за 55 парчиња ми земаа 5700. Од следна година би размислила можеби за други опции.
Од Канела тортите се многу благи, милион пати сум нарачала од нив за разни пригоди ама за декорација не сум баш најзадоволна може како ќе ти се погоди.Има и подобри од Канела би рекла онака просечни се.Мене нутела малина ми е една од подобрите од нив, и сите дома ја обожаваме.Превкусна ми е. Сепак се работи за вкусови
Хелп, похованици нарачував од Похо бела, но во недела не работеле. Каде има убави поховани даски со достава, од кај да нарачувам?
Дефинитивно сечиј вкус е различен. За секоја слаткарница ќе добиеш поделени мислења. За мене покрај Зафир, и Грими од Куманово прават одлични торти. Исто и Романса и Перфето ми се квалитетни, ама јас лично не сакам толку благи и богати вкусови за детски роденден, за други прилики земам од таму.
Може ли да споделиш ако имаш слика или во лп, во однос на кетерингот, што имавте, за колку луѓе, и колку плативте?
Кетеринг Дрмун побарај на фб имаат страна. Два пати земавме од нив,сега и трет пат ќе нарачам. Јас си нарачувам поховани даски.
Немам слика,околу 1200 беше даската. Нарачувавме 2-3 даски, 2пици и 2 пастрмајли( мислам) салата,кифли за 30 возрасни и околу 20 деца.
Каде да најдам идентични садови, во форма на даска да послужување на храна? А да не е класична даска/пластика, хартиено?
Дали некои изнсјмнувал САФАРИ ПАРК? И дали сте задоволни од која возраст би ги изнсјмувале и дали мислите дека за таа цена се скапи
Здраво ... Дали некој може да ми препорача каде можам да нарачам роденденска торта во Охрид?! Убава, декорирана За прв роденден се работи Навистина ли од Битола од ММ sweets нарачуваат сите? Благодарам
Дајте ми предлог за храна што да однесам за возрасните. Планирам од дома да си спремам. Ама немам некои идеи.
кифли, крем салати, мини пици, ордевер со сувомеснато, кашкавали, свежи салати, полнети печурки, бомбици од мелено месо....
Девојки помош дали сте виделе пепа прасе некаде маскота да има.? Не ми текнува дека сум видела негде ако знаете пишете плис
На повеќе места ми дозволија каде што прашував. Ордевер со суво меснато и кифли секако имав во план ќе рсзгледам и нешто друго. Фала ти
Што опција ќе понудите за интересен летен роденден за 6ка? Некако не сум во тек Лани во двор си направивме, супер поминавме ама претежно бевме со поблиски луѓе. Годинава ако ги викаме и од градинка не ми е соодветно плус и доста подалеку живееме.