Јас еве сега втор пат му славам роденден и пак нарачав од Аромати. За 60 парчиња ми побараа 3300 денари. На два спрата е со два вкуса ми дозволија и има напишано и боја - не сакав фондан. Мене и првиот роденден тортата од таму ми беше за малиот превкусна беше и како ја направија алал!
Друштво не знам сега оо градинкиве како е со деца и се мислев да нарачам бомбици/мафини нешто такво и д Дали најде? Исто ми требаат со Спајдермен и не знам кај да кинисам
Не најдов, импровизирав, со кутии за пуканки од јумбо и стикери Спајдермен. Ако имаш време, Тему има све.
Оф, не знам што ќе правам, се мислам да нарачам мафинчиња и на стапчиња да ставам спајдермени и така да почастиме
Девојки дали некој ги најмил и како сте задоволни од кловн лили за анимации за деца? Дали е за деца возраст 3—4?
Девојки дали знае некој како се со цени cakeboutique? Имате до сега нарачувано? Вака многу поразлични по сликите и гледам немаат много со фондан некој да сподели што нарачувал
Ај тука да прашам, некако најпогодена ми е темата. Изјави желба малово роденден да слави на базен со едно 10тина деца не повеќе. На воен не би во никој случај зошто е голем и има гужва. Се распрашав на неколку места низ Скопје, вили со базен скоро секаде е зафатено или пак премногу скапо, бараат изнајмување на цел ден. Може да е и отворен тип, значи не ми сметаат и други луѓе само да не е преголемо. Некоја идеја, предлог, а најдобро и лично искуство Втора опција и е нешто со arts and crafts , едно време имаше pаint your own pottery во Скопје ама не можам да го најдам изгледа на работи
Да видиш некои од виливе низ Скопје што се со базен што ги рентаат и за девојачки или па нз како е во Њу стар во визбегово дали работи…
Девојки од канела што вкус обично зимате за на топлово? Перфето ми се на одмор па решив за канела ама нз за вкус се мислам дал ферреро?
Евентуално опција да украсиш со балони, сино, златно и на дебел картон да испечатиш фигури од Џорџ кои може после со дуплофан да ги залепиш меѓу балоните. Или како на сликава
Мајки како сте задоволни од тортите од романса за вкус и декорација? Немаат ништо на профил со години, ваљда ок ги прават?
Вкус и декорација одлични, цена солена. Ова пред 5 години последно кога нарачував за големиот. Вкусот си го држат уште