Навистина? Немам нарачано од Канела па сигурно две години (само од црвената зимав). За 511 можам да кажам дека им се убави и лесни на вкус, но имам купувано само од оние што се продаваат во Веро. А ѕирни ги на фејсбук, гледам не им се лоши декорациите.
За Канела прима станува збор Имав добиено торта од 511 кога се породив ептен беше вкусна и на изглед преубава. Си нарачав од таму.. 40 парчиња 1100 денари..
Неколкупати пишав овде на тема торта и ќе повторамДа не испадне дека ги рекламирам, меѓутоа, Аромати чоколатерија, секоја чест и за изглед и вкус, а и цените се пристојниЉубезни и професионални. И не можете да правите споредба во цени на торти во Скопје со торти во Битола, Гостивар, Штип... Знаеме дека во Скопје се плаќа дупло,тродупло,име и слично... Киндерпарк, зборам за игротеката,катчето за играње за односот, грижата на девојчињата таму, не е како порано Бевме пред десетина дена, што се вика, на кафе. Детево внатре игра. Јас надвор пијам кафе,мм на друга маса нешто службено. Детево на три пати излета надвор по чорапи,со боди како што си играше внатре. Дали пет дечиња имаше во игротеката. Да, малиот ми е жив, темпераментен, но сепак, се прашувам како ли им „избегал“. Ги опоменав неколкупати, џабе. Глумев „пазач“ однадвор некое време. Девојчето де си тапкаше на мобилен, де збореше на фиксен, одговараше на прашања за роденден, де идеше у тоалет,па шушкаше со келнерите...На одење, и се обратив на менаџерката(газдарицата), и падна непријатно. Фино културно(н.з.си ја знае очигледно работата) се забалгодари на забелешката, ќе имале во предвид, ќе ги исправеле пропустите,грешките...Па, во знак на извинување ни даде картичка за 15 отсто попуст. Ќе отидам можеби и другпат, но, веќе го немам впечатокот од порано. И таму се искурназија, извинете на израз. П.С.Во неврзан муабет со еден келнер,наш познаник, рече девојчињата се однесувале незаинтересирано, оти наводно им ги намалиле платите, често биле казнувани без причина,па големо влијание имало и тоа што сега игротеката е бесплатна ако си гостин, макар и со едно кафе, за разлика од почетокот кога се наплаќаше.
Да не се повторуваме, за се што кажа за персоналот на Киндерпарк се согласувам. Бев и на лице место а и на телефон. Додека договаравме роденден преку телефон, една од келнерките истовремено разфовараше и со останатиот персонал а разговараше и со уште некој на друг трлефон. Се дереше уствари за сето тоа време јас чекав. Но барем ми се извини на крај
@PUPICA Баш во Скопје тортите се поевтини. Ете една Канела таму е поевтина од овдешната. Не е до градот.
Правите муабет за торти, ќе кажам мое искуство пошто се спремам за роденден на ќерка ми. Во Охрид за торта на 2 спрата со фигури Маша и медо од фондан ми побараа 2300, а во Струга за истата торта 1500 е ај сега. И нормално си порачав од Струга. Ај сега дајте некој текст за поканата од ќерка ми 2 роденден и е.
За торта земавме од слаткарницата Њу Јорк карши Бастион во Дебар Маало и сме презадоволни, а кетеринг услуги користевме од Avenue coffee & food. Многу интересен концепт имааат и сосема пристојни цени. Подрав, Арсе
Ние славевме кога беше во Капиштец, и еве слушам муабети дека останала иста политиката, да поткраднуваат на сокчиња детски. Мене ми наплатија 30 сокчиња, а имав само 5 деца. Повеќето беа возрасни и си платив не забележавм отпосле сопругот кога виде ми рече, јас не видов дека толку многу сокчиња се испија (од 5 деца едно беше бебе и мајката му носеше водичка од дома). Како и да е, потоа и од други истото го чув, а еве сега и за оваа игротека. Во близина на оваа во Аеродром е Калинка, преубава, со многу супер персонал (бевме 3 пати и стварно е супер). Инаку ние минатата година затоа што роденденот е во потопол месец си направивме журка во Гратски парк
Fala mnogu. Gledas ne sum cula za ovie raboti. Mene vi kapistec nesto ne me bendisuvase lokacijata pa mislev da ne bil nekoj vo novata. Baram igroteka vo okolina na aerodrom sto ne e so koncept na dreamland da smenime malku. Ako moze i nekoj predlog za deuga igroteka ama taka da sobira pobajagi
И јас ќе ти ја препорачам Калинка. Вработените се супер, игротеката нова. Јас имам позитивно искуство.
Мајки, искуство некој роденден ако славел во киндер парк, како со сметката на крај беше пресметката? слупам дека е скапо а многу е убаво онаку. Имаме 20-25 возрасни и 10тина деца.
Инаку за детски роденден во летни месеци ние славевме во парк, еден час порано си дојдов и го украсив летниковецот тематски по желба на славеникот и мала торта со мафини кои ги украсувавме на лице место 925мкд со вишна од пекара КисМи Маџари). Многу поефтино ни се фати АМА: Претходниот ден врнеше дожд олуја, а сите знаеја дека роденденот е во парк на летниковец, реквизити мора од дома (ние имавме дупли шатор, лизгалка, клацкалка, коцки) аниматор бев јас и уште двајца родители трчавме, балончиња од пена правевме) среќа ни се погоди времето и децата се изнатрчаа. П.С. Не ви треба дозвола за славење таму, доволно е да ги известите Паркови и Зеленило дека ќе славите роденден во одредено време, и ќе ви кажат само да нема палење оган и пиротехника без надзор, како и Алкохол точење (пиво е дозволено)
Да ја пофалам Аромати. Бела бајадера внатре. Поубава торта немам јадено.За професионалност и љубезност само едно ќе кажам-НА НИВО !! Тортава е 40 парчиња-2100 денари
И нашата беше со пепа прасе само поголема од Аромати со бел фил и вишни,а лани ни беше чоковишна и таа е многу добра
Тие ни кажаа дека нема да можат максимум да ги доловат Пепа и Џорџ, ако сакаме да си купиме пластични играчки, ама несакав... Некако пластика за на торта не ми оди. Не се отвараат. Пишува-Грешка !!