Здраво. Имаме роденден за синчето за 2 недели. Би сакала да побарам совет и предлози. Ќе го славиме во игротека роденденот. Од кое место сте нарачувале пица, а да сте задоволни? Дали за во градинка дента ќе дозволат домашни мафини да однесам на децата или кејк попси или не смее такво нешто? И се надевам во Џамбо ќе најдам кесички или кутивчиња за да ставиме 'частенки' за во градинка...
Најдобро за ова прашајте ги учителките во вашата градинка бидејќи секоја градинка своја политика си тера. Кај нас на пример, не дозволуваат домашно приготвена храна да се внесе, а спакувани производи како кејк попси и слично, во ранче им ги ставаат за дома.
Кидос маскоти и старс ама под 3000 не верувам да има некаде. Знам ние сега имавме роденден и скоро на сите се јавив и цената беше таа, од 2500 нагоре. Едит: 1 час е таа цена, за помалку не знам дека може.
И мене ми пратија понуда. Се мислам и јас. Маж ми знам од работа за кетеринг земаат се од таму и вика дека е одлично. Ај нека сподели некој плус искуство
Обилна торта е тоа. Во Америка од каде што потекнуваат ваквите „генијални“ идеи сите торти се такви (само пандишпан и шлаг). Така што оди во било која слаткарница и договарај најмала можна големина на торта. Мене на пример кога се породив ми донесоа на поклон торта мече кое беше бап мало (3/4 парчиња) од Моцарт.
Имаше некоја страна на инста ама мислам од 1ви ноември пишуваше ќе почнат со работа. Баш бебешки вкусови беа. Мн е едноставно да се направи, пиши ми приватна ако си заинтересирана.
Stars Maskoti лани беа 4500 ден. еден час, за втора маскота уште 2000 ден. Luxury mascots една маскота 4000 ден, две маскоти 6000 ден за 30-40 минути (прашано пред два дена).