Прашај си на Вибер делиција за цена, а Зафир на веб страната прати им барање за понуда и за некој саат ќе ти пратат цена. Лани немаше некоја голема разлика во цена па се решив за Зафир зошто од делиција ми беше здосадено. Оваа година не ни прашав на друго место, нарачав пак од Зафир. Околу 50 парчиња на два спрата, различни вкусови два за 5.500
За децата нарачувам rainbow cake. Лани за возрасните земав кит кет вкус, одлична беше. Оваа година одбрав бела грчка
Здраво мајки дали знаете од каде може да се изнајми обрач за да се прикачат балоните на истиот?За Скопје прашувам
Здраво мајки, има некој искуство со кетеринг за роденден од Pohovani daski ? Споредба со Grill & Garden ? Или препорака за кетеринг во тој стил, мини бургери, поховани даски, пици, сендвичи...
Здраво , да ми препорачате вкус од Перфето и колку парчиња торта нарачувате . Лани нарачав колку што ми беа гости на списокот па пола торта ми остана , бидејќи во игротеката многу малечки парчиња сечат
Предобри се Pohovani daski. Секој роденден порачувам од таму и за слава исто. Имаат и мени, понуди ама можеш и сама да си направиш. Имаат и достава.
Супер се во однос на квалитет и цени . Само резервирај ги порано зошто кај мене каснеа 45 минути . Потоа разбрав дека на скоро сите исто им прават и истиот изговор сообраќајка имало
Мајки ве молам предлог за роденден на 5 годишно дете каде, да не е класична игротека и да е реон аеродром н.лисиче. Фала
За крштевката на помалата ќерка нарачавме чоколадна, немаше кој не ја пофали. Се осеќаше дека не штеделе на ореви Сега за роденденов на поголемата нарачав Орео, ќе пишам како ќе испадне ама сум слушала и неа многу ја фалат. Инаку нарачувам 36 парчиња, што им се води како голема торта, за околу 30 гости.
Тортите од Зафир се супер, посебно кит кат, опера и грчка бела. Е сега цената многу зависи колку комплицирана декорација ќе избереш, колку фигури и какви. Во принцип од 100€ па нагоре.
Таа цена е за торта од околу 35 парчиња. Да декорација со фондан и фигури што повеќе тоа поскапо. Лани тортата беше поголема и повеќе фигури и цената достигна околу 250€.
Лешник. Лани имав, преубава беше. И оваа година пак истата ќе биде. Лани имав нарачано 35 парчиња (толку им е голема торта, следна е со 54 парчиња). Имав околу 25 возрасни и 10 дечиња. Во игротеката им кажав поголеми парчиња за возрасните да сечат. Остана пак малце торта, ама ништо страшно, ја изедовме утредента
Кога ќе почне да ги собира на дигитрон фигурите, страв да те фати и плус основно тортата колку е, зависи од вкус, секако две торти се внатре и така доаѓаме до таа цена. Секако јас бирам покомплицирани торти, пратете слика и ќе ви кажат колку е.