Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детски родендени (идеи за игри, храна, декорација...)

Дискусија во 'Дете' започната од Angel-Adriana, 24 декември 2012.

  1. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    1.166
    Пол:
    Женски
    Сакаме да ангажираме аниматорка за детски роденден што би била облечена како Дизни принцезите, но дилемата ни е дали би имало деца што ќе се исплашат ? Или можеби не, бидејќи не е маскота. Се работи за 3 годишни
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doublett

    Doublett Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2026
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
  3. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    716
  4. Doublett

    Doublett Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2026
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Na nas ni trebase samo za dva saati cenata bese 4000 denari ako sakas 4 saati mislam deka e 5000 denari
     
    На kelly.r му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zver4etoo

    zver4etoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    7
  6. zver4etoo

    zver4etoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    7
    Исто и во светот на децата во кисела вода
     
  7. Sweet21

    Sweet21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Повелете линк од новоотворената Кафе игротека Фантазија во Центар во зградата на Билна аптека.

    https://www.facebook.com/share/1ETQjnmRNk/
     
  8. Ann.loves.you

    Ann.loves.you Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    1.374
    Дајте предлог за магионичар или слично нешто да ги анимира дечињата. Ги видов театар за тебе на инста ама немаат цени
     
  9. cherry89

    cherry89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Побарај го Кристиан Шопов - Кико Магико, го гледавме во Литература во East Gate ама мислам дека оди и по родендени
     
  10. cherry89

    cherry89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Стварно не сакам да пишувам лошо за нечиј бизнис, ама оваа игротека ептен потфрли… Летото бевме на посета на Bubbles за да видам дали ќе биде добра за славење роденден, нова е, убава и огромна, ама баш заради тоа делува и некако празно во целиот тој простор, како да нема доволно играчки (моја лична перцепција, не дека стварно нема ама така делува). Просторот е поделен на два дела со ѕид од кој што не можеш ништо да видиш што се случува на другата страна, нема ни екран со камера за колку толку да си во тек. На посетава бевме само ние, и девојчето беше тотално незаинтересирано да нѐ услужи и да го позанимава син ми. Сепак не замерив и не беше толку страшно колку тоа што имаат некое си правило да не внесуваш храна и пијалоци од надвор, па за да му дадам вода на син ми моравме да излегуваме НАДВОР пред влез, ептен деградирачки. Пред некоја недела бевме таму и на роденден, имаше една постара жена што веројатно беше газдарицата - прво не сакаше да нѐ пушти да влеземе зашто бевме 10 минути порано од терминот, ни предложи со детето да чекаме надвор на ладното, па моравме да се убедуваме дека сме блиски со славеникот и мафтавме да нѐ видат од внатре за они да ни отворат врата, значи ужас… После истата жена ми се развика дека не смеам да носам тањирче со торта во другиот дел (тој што е одделен со ѕид), иако тргнав само да си го проверам детето, не дека како возрасна и нормална личност планирав да им шлакам од тортата по играчките… Ама и сѐ ќе беше во ред ако ми кажеше убаво, вака само ми се појави од зад мене, буквално ми се раздра и ме извади од памет. На крај ѝ се развика и на мајката на славеникот дека морало да ги трга декорациите зашто ќе имало следен роденден. Да напоменам значи дека пак беше дерење во прашање. Никаков однос ни култура. Затоа ме поттикна да пишам на форумов и да кажам искуство, треба да си поработат на комуникациски вештини ако сакаат да имаат задоволни клиенти. Вака не бива…
     
  11. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.336
    Допаѓања:
    11.001
    Пол:
    Женски
    Ние бевме кај биски на роденден и после нив никој веќе не правеше таму роденден.
    Им рекоа сокчињата се вклучени во закупот, после пола саат магично се потрошија сокчињата, а деца бараат, па ајде сите од стаклените Фруктал.
    Другаркава имаа околу 40 луѓе, платија 35000 денари, јас за поскап род во игротека немам слушнато. Ги покрадоа максимално. Капак на се, пивото им беше со поминат рок..
     
    На cherry89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    7.090
    Пол:
    Женски
    Леле ова истово со сокчињата се случи и во Томи во Кисела вода. Срамота.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    874
    Пол:
    Женски
    Каде се наоѓа оваа игротека?
     
  14. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.336
    Допаѓања:
    11.001
    Пол:
    Женски
    Кај Авицена Тафталиџе
     
    На Camille84 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    40.085
    Пол:
    Женски
    Повеќе од минимална плата да дадам за роденден после роденденот ќе се испукам у колено омг премногу е.

    Ние у Савана на партизанска бевме последен пат на роденден, тежок промашај е тоа исто
    За 4-5 годишни да имате на ум дека другарче на ќере си ја дупна главата во првите 5 минути :!:
    Воопшто не е безбедна за деца шо трчаат ко мува без глава. И апсолутно никој не ги надгледува. Има една вработена шо со четкичка ги чистеше од песокот. Не им даваше да излезат додека не ги среди. Пресмешна беше од страна да ја глеаш. Овие трчаат внатре/надвор, девојката не знаеше кое попрво да го фати да го исчисти. Па им се издра на крај, и едно поемотивно детенце се изнарика до крај на роденденот. И така.

    Башка возрасните седат на школски столчиња оние дрвените, леле газот уште ме боли 8-|
     
  16. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    3.644
    Пол:
    Женски
    Ние славевме во Bubbles, освен што девојките што работат таму не си ја заслужуваат платата (а е многу важно да има кој да ги занимава децата) другото беше во ред. За 30 луѓе сметката беше 9200 и закуп 4500. Не значи дека крадат, си има и гости без осет.
     
  17. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.336
    Допаѓања:
    11.001
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да се отвори игротека што ќе ми ја надмине Плеј 1, засекогаш омилена :inlove:.
    Ова модерниве дрвени игротеки ми се апсолутно небезбедни за деца.
     
    На Anaroz1, Liky, Coco31 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    1.132
    Последниве неколку пати од родендениве од градинка бевме во Плеј и стварно игротекава е предобра за децата, секојапат се изнаигруваат таму.
     
    На Anaroz1, LiquidLuna и Tea SK им се допаѓа ова.
  19. cherry89

    cherry89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    За која возраст е?
     
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.336
    Допаѓања:
    11.001
    Пол:
    Женски
    Од 2 до 7 год мислам
     
    На cherry89 му/ѝ се допаѓа ова.