И јас би рекла Кико Магико како членката која го спомна, беше супер фин за секоја возраст на дете и гледа да ги инволвира сите дечиња во триковите. Не сакам да коментирам негативно, ама морам да споделам лично искуство со магично шоу на Кристијан Бенито. Дали таков му беше денот или таков е човекот секогаш, не знам, ама од почеток на шоуто до крај се однесуваше многу смело, да не речам дрско. Изнудува аплауз сосила на секои 2мин. и тоа е баш неподносливо и претерано, среде трик ги коментира луѓето ако извадат телефон да снимаат дека е забрането, што нема логика (некој сака детето да си го слика/снима) и не дај Боже некој да гледа настрана (имаше мајка со бебе и тодлер, го доеше бебето и овој буквално ја изруга зошто е свртена, не дава аплауз и не гледа, па жената беше приморана да каже дека го дои со сите очи вперени во неа). На трик со тениски рекет низ кој треба да помине со целото тело искоментира дека нема да прави стриптиз, демек да не сме се грижеле ние мајките, што е многу недоличен коментар пред деца. На крај се "извини" дека таков му е стилот, демек јас така правам, а вие како сакате. Малку надмено за мој вкус. Sorry not sorry, работава.
Мајки дали за раѓање на второ дете, праќате симболично частење во градинка: “ Х доби братче” и внатре ситно како за роденден. и дали имате да препорачате некој во Скопје што изработува такви, бидејќи ич немам ќејф да пакувам повторно такви во овој момент
Во мојов град се даваат крофни за бебе. Така да неколку пати во група или блиски, носеле баш крофни. Спакувани за секое дете или од пекара. Или од едни што ги има спакувани и замрзнати во Кам/Стокомак.
Прашајте ги учителките, секаде е различно, некаде ништо не дозволуваат. Кажувам од искуство од муштерии.
Кај нас од оваа година само крем бананче/тортица едно нешто било што и остатокот од парите планирани кој сака да ги искористи за играчка за групата. Евентуално парче овошје за секое дете.
Ние и носевме хартиена торта внатре по 3 работки имаше, чоко бисквитче, блокче мало чоколатце и крем банана, а знаат да стават и лижавче некои, ама мене ми се мали за лижавчиња. Кај нас дозволени се такви торти.