Subzy според мене е подобро од 90% кетеринг што спремаат. Сега не е така се сервирано убаво туку се кутии ама супер пристојно избледаат, а за квалитет и вкус на храна се предобри. Јас лани имав договорено прво друг кетеринг ама моравме да смениме датум на роденден и никој ден пред тоа не сакаше да се нафати, случајно ги најдов Subzy и нарачав бургери, клуб сендвичи и уште нешто не ми текнува што беше, сите ја испофалија храната.
Кажете слаткара што прави Орео торти за детски роденден? Кувертира ми е предалеку, Перфето те не одговараат на пораки, те се дрски на телефон, те немаат достава.... Најзадоволна сум досега од Делиција но немаат орео ...
Дали некој има искуство со Kiddos маскоти? Дали доаѓа и аниматор и што поточно прават? Сакам да резервирам една маскота од цртан филм, ама да не им биде досадно на децата ако таа само стои и се клати околу нив Еднаш бевме на роденден кај што дојде кутрето од Paw Patrol и на децава им беше интересно 10тина минути, после тоа се разотидоа по играчки и ова кутрото си стоеше осамено… Ама па и не знам што друго би можела маскота да ги занимава
Само да споделам дека нарачав од Перфето и гооолема препорака од мене? Вкуспот рпедобар, свежа, убаво украсена, се како што треба!
Не знаев дека имаат Орео во Перфето. Инаку јас за родендените на малиот од таму нарачував (лешник вкус) и сум ептен задоволна.
Маскотите не можат да анимараат и релативно брзо им здосадуваат на децава. Kiddos маскоти нудат и аниматор со маскотата, ама мислам дека треба да ги прашаш за тоа и плус се доплаќа. Ние имавме само маскота од нив, ама ни понудија дали сакаме и аниматор со игри и музика заедно со маскотата. Имаа нешто и цртање на лице ама сепак ние се одлучивме само за маскота пошо ни беше за сликање Ако сакаш повеќе анимација на роденденот, не би ти препорачала маскоти поради таа причина. Подобро е да си најдеш само аниматор или маскота што ќе дојде со аниматор Сепак прашај ги kiddos маскоти, сигурна сум дека имаа повеќе опции
Еее па ете, така и си мислев. Фала ти ептеен Ние имавме нарачано од Две сестричиња, во главно убаво беше јадењето освен пиците и кифлите што беа посуви, па само тие и останаа неизедени. Ама поскапи се, а искрено peaky box се ем поевтини ем превкусни, здравје годинава пак од кај нив ќе нарачуваме
Немам искуство со тие ама знам дека на Старс маскоти во цената им е вклучен и аниматор тие 45 минути и ги занимава децата затоа што маскоттата ќе ја погушкаат ама не им држи внимание.
Како се вика тоа што децата го удираат и од него паѓаат бонбони? На ќерка ми и се допадна тоа сакам и на неа да и направам.
Па да можеш да прашаш дали изработуваат такви,има и на фб да пребараш баш некои што само тоа изработуваат... Иначе во Џамбо сум видела,види може таму да си најдеш
Јас ne nајдов во сити мало смениле сега други се не се магија на времето и не давале ако не е од кај нив балонот… најдовте негде
Почнав да се спремам за прв роденден па од тема бебе да се префрлам во тема дете пошто детето ми порасна Прашањето за тука кај мајки што минале први родендени ми е за предлог ресторани за средина на јуни. Немаме мн деца па мислам нонсенс е прв роденден во игротека. Сакам да е на отворено а да има и back up затварање за дожд. Ја родив на најсветлиот и најубавиот ден се надевам и оваа година ќе биде таков. Се слушнав со Love by alikas ATK MTP MERCEDES lounge bar ми требаат препораки за локации 50тина луѓе ќе бидеме