А колку пакетчиња носете во градинка? Над 30 се во група ама никогаш не се сите деца. Учителката ја прашав ама на тоа прашање намерно или ненамерно не ми одговори.
Онолку колку што одат редовно. Има запишани ама само се на листа никогаш не се појавиле. Нашите беа 27, одеа редовно 25 и 25 правев. Е сега може тој ден ќе бидат и 20, 15... Не можеш да знаеш. Најчесто минимум биле 23. Нека ти каже, ич да не се секираш и да досаѓаш... Нема потреба да правиш повеќе од што идат.
Ќерка ми е во Ноември, тогаш однесов колку што одеа дечиња во градинка, настинки вируси и никогаш не беа колку што се запишани, така да нека ти направат нешто помалку од вкупна бројка на запишани за да не се доведеш во ситуација да има дете плус а да нема подарок.
Јас секогаш сум носела колку што се на список. Додуша и со јануарски роденден и споени групи еден куп пакетчиња ми се собираат. Кај нас во јануари неколку дена си беа во сопствената занимална по 7-8 деца, следни неколку дена по 30+ деца од неколку групи така да за носење пакетчиња ептен комплицирано, за точна бројка да се погоди.
Здраво, дајте ми идеја што може да се стави во кесички за частење во градинка за роденден а да не е лижавче, чоко бисквит, крем банана… нешто различни да е малце?
Во поголема кесичка сум ставала и добивала ќерка, сокче, мали смоки, чоколадо. Има добиено путер колаче. Зависи од буџет може по едно животинско царство чоколатце. За поголемо дете имам гледано гипсена фигура и четка и боички темперни внатре. Или како мини боенка со боички.
За јадење или да не е за јадење? Колкави се децата? Ако се поголеми можеш од оние пластелин глина, шишенца за меури од сапуница... Ако се помали боенка со боички. Ако е за јадење, житен бар..манчмелоу... Зависи и во што ќе ставаш што ќе ти собере.
Каде правите “фризури” за роденден ? За шишање одиме мали звезди иако не сме премногу задоволни , гледам убаво ги средуваат за родендените . Ама ако имате и друга препорака ве чекам Кетеринг peaky box, има некоја искуство ?
Која е причината да не дуваат балони со хелиум ако не се купени од кај нив, по цвеќарнициве низ скопје? Значи идам барам одреден број во одредена боја, немаат. Одам купувам во џамбо им го носам, ааа не може. Па кај да го надувам побогу.
Мислам дека попрво ќе купам нови негде во близина него да одам сеа до Автокоманда или било каде за да ги надувам. Ама општо ме напнаа многу. Го нема тоа што го барам, им носам мој, ааа не може. Дафак
Абе сега прашувам тоа во тема бебе за прв роденден се спремам па викам дали да нарачувам од тему фолии или се комплет да купам од тука. Неколку ми требаат за дома само ама немам време за вакви глупости да шетам по цвеќари
Да не нарачуваш од тему пошо ова ќе те снајде. Освен ако имаш во близина цвеќара што ќе ти ги надува. Мислам онака ќе платам за дување не барам беспари не знам што е толку проблемот. Една ми кажа демек што ако пукне? Пукне пукне тоа е. Може и да ми одлета па што праиме хаха
Во Бисер во Аеродром има цвеќара каде што дуваат ваши балони со хелиум, мислам дека има мала разлика во цената дали со ваш или со нивен балон ама барем можеш да си однесеш твој. Ама не знам локациски дали ви одговара.
Мене па баш во џамбо ми ги дувале кај ескалаторите, балони што не се од кај нив. Само поодамна беше, има две години. И во капитол цвеќарницата исто. И во дајмонд прашував и таму ми рекоа може.
Јас имам дувано од тему бројки во цвеќарата во рамстор мол и во твистер во сити мол, не ми праеле проблем.