Детски родендени (идеи за игри, храна, декорација...)

Дискусија во 'Дете' започната од Angel-Adriana, 24 декември 2012.

  1. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Да само што не работат во недела. А не сакав претходно да ги надувам пошо некогаш се тушат. Еве од два што имам едниот се истуши до дома дур дојдеме од роденден.
    Инаку и во цвеќарата во Лиса дуваат.

    @Mucika Џамбо веќе ми беше подалеку но ќе одев и до таму ако морав.
    Чисто сакав да споделам дека не дуваат секаде и ако некој не сака да се замара да си купи готови балони.
    Инаку ни во капитол не дуваат. А на крај пак се убедив со тие во џевахир мол и ми наплатија како и балоните да сум ги купила таму.
     
  2. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Ај и тука да пишам ипмпресии од кетерингот. Многу сакав од Пикибокс, но не работат во недела и скроз се разочарав. Случајно ги најдов Бибер и сол (ketering_biberisol на инстаграм) и порачав од таму. Имаат разни комбинации, односно сам си ја правиш комбинацијата. Ние пример имавме поховани даски, даски со мини бургери, врапови, такоси плус неколку свежи салати во чашки што беа супер иако само тие останаа :D
    Многу задоволна, не знам таа количина колку би коштала со други кетеринзи, мене ми изгледаше солидна цена. Ете ако некој нема идеја или им се зафатени некои што ги планирале, од мене топла препорака.

    едит: морам да признаам дека пикибокс ми се повкусни, но и овие беа доста доста вкусни.
     
    На dromka и Baby warrior им се допаѓа ова.
  3. Capricorn ♑

    Capricorn ♑ Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво, ми треба онаков банер за сликање за роденден (полукружен горе, надолу правоаголно). Дали знаете некоја фирма што може да изработи само банер (без да ми бараат пари за целосна декорација со балони итн). Или да ми предложите фирма што украсува со која сте имале добро искуство. Фала!
     
  4. A.V.S 91

    A.V.S 91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2023
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Mi treba hartiena torta za chetvrtok, ne znam zoshto ne mozam da ti go vidam profilot i da ti pisham. Prati mi link od insta ili fb da vidam prethodni izrabotki
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ivvvvonnnaaa

    Ivvvvonnnaaa Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здравоо, имам идеја да започнам нешто како игротека ама подвижна, работи по принцип доаѓаме на локацијата каде е прославата и носиме лизгалки,играчки,softplay работи е сега ме интересира каде би можела да најдам работи по попристапни цени бидејќи тие до сега што ги најдов конкретно за softplay се по 12.000+ од играчка. И исто ме интересира дали Вие би изнајмиле нешто такво,дали мислите дека вреди да вложам?
     
    На merriel0 и Цвет88 им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.339
    Допаѓања:
    31.552
    Пол:
    Женски
    Самата идеја не е лоша но мислам дека нема да има голема заинтересираност. Потребна е поголема инвестиција за се она кое ти е потребно а од друга страна прашање е колку клиентите би издвоиле за ваква услуга. Рачунај дека со еден роденден ќе губиш многу време. Товарање, растоварање, ти треба и големо возило како комбе. Плус да возиш до локација, да ги наместиш сите тие работи таму...Мора да бидете барем двајца, сметај дека треба да се исплати сумата која ќе ја наплатиш. Па и ако е подалеку... Не изгледа едноставно.
     
  7. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    4.370
    Пол:
    Женски
    Мене идејата ми е супер, особено за летни роденденки ко нас што сакаат децата да слават во природа и парк :)
    Единствено што цената треба да е прифатлива :) Ако може да се изнајмуваат замоци зашто не и ова :)
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.799
    Допаѓања:
    25.318
    Пол:
    Женски
    Смисли и нешто за тематски родендени..
    Пример спа за девојчиња..
    А за каде да набавиш види на битпазар по дуќаните за играчки.
    Само да знаеш голема инвестиција е да почнеш со се одеднаш.
    Почни со една понуда да видиш прво како ќе иде.
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.426
    Допаѓања:
    126.153
    Од peaky box ми спомна една комшивка ептен биле минијатурни бургерите , тостовите…. Вели ако планираш 20 нарачај дупло , премногу се мали ?
    Има некој искуство со нив да каже ?
     
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.289
    Допаѓања:
    78.616
    Пол:
    Женски
    Јас имам. Па да ти кажам, повеќето пати враќам од храната дома (што и не сакам да е така), а од ова скоро све се изеде. Имав мислам за 30 души порачано. Плус си правам стандард јас мафини благи сама, па и тоа имав :D Грицки плус, па таман беше се. Имаш опција да си дополниш што сакаш. FB_IMG_1780852115514.jpg
    Имав 20тина дечиња и неколку возрасни. Зависи сеа за колку тебе ти треба :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.426
    Допаѓања:
    126.153
    Скоро за дупло повеќе :( но навистина ли се многууу минијатурни ? Вака на слика не личат
     
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.289
    Допаѓања:
    78.616
    Пол:
    Женски
    Пааааа вака како памтам, хамбургерот околу дијаметар 6-8цм :D Абе некој ако дојде мртов гладен, 10 да изеде ќе треба да се најаде :rofl: Сеа па кај машково пици купив од Автокоманда (она Попај), на коцки исечено и ајт, нема кој не јаде пица... имаат и посна и таква земав :D 2ч род.. премногу се замараме. А роденденот највеќе е за играта на децава...
    Не ти е исплатливо ова искрено ако ти е за дупло луѓе... Или земи ова, плус 3 фамилијарни пици 8-|
     
    На azelea и eli25 им се допаѓа ова.
  13. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    7.222
    Пол:
    Женски
    Јас земав од sabzy и сум задоволна. Искомбинирав со роденденски пакет од Џакомо 6фамилијарни за 2500. Имав 20 деца со 40-50 возрасни.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LadyD

    LadyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Стварно се малецки, ама па и многу вкусни. На роденденот имавме 25 возрасни, нарачав за 30. До крај на забавата (2 часа) буквално празни беа даските.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.426
    Допаѓања:
    126.153
    Мислам дека моиве деца се единствени на свет што не јадат пица :D
    Лани нарачував од две сестрички ако не пак од кај нив на проверено.

    @La-loca мислам дека subzby немаат даски похованици?

    инаку да, премногу се замараме , цела недела бројам бургери :rofl::rofl::rofl:
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    7.222
    Пол:
    Женски
    Е немаат поховани даски.
    Рачунај си по две парчиња од човек за бургери зборувам и плус даска.
     
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.426
    Допаѓања:
    126.153
    Похобела работат уште ?
     
  18. Pipaa

    Pipaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Јас крајот на јануари нарачував работеа.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.426
    Допаѓања:
    126.153
    Сега не креваат ни на фб и вибер враќаат изгледа се затворени.
     
    На Pipaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Natural

    Natural Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    48
    Веќе има 3/4 фирми нуз Мк што издаваат подвижна игоротека, од Скопје, од Струмица, Битола, Охрид и сигурно има уште некои со кој не сум во тек. Реално според тоа колку чини се тоа да го набавиш и увезеш или платиш тука увезено не би рекла дека се исплати цената оо која се изнајмуваат. Посебно се специфични опрема и играчки за работа со деца… Јас би ти орепорачала ако сакаш детски родендени да пробаш со работилници за деца.. Тоа не сум видела да го работи некој на некое малце повисоко ниво да е нешто како изработка на накит, пресонализирани капи, наочари итн.