Дали си ја видела ЛалаЛанд во Кисела Вода ? Нова е , јас се јавував пред некој ден кажаа дека имаат капацитет од 60 возрасни .
А каква е Пчеличка во однос на просторот за деца, играчките, чистота, услуга? Ако знаете, ако сте биле
Дали знаете кој друг освен Самовила се маскира во Руми и Мира? Значи да не е класика маскота, туку маскиран аниматор.
Во Пчеличка бев на роденден пред некој месец, надвор беа масите, има како мини игралиште со лизгалки и лулашки, лулашките не беа добро прицврстени и страв ти е да не паднат во некој момент, има по некои реквизити за надвор, има една просторија со билјард и мало фудбалче, делот каде што се масите и детската маса се под стреа, игралиштето не е, така да треба да внимавате кое време закажувате. За чистота кај игралиштето има дел каде има земја, песок така да се валкаат децата кога си играат таму.
Zdravo, da mi preporacate igroteka za 5 godini I 3 godini decinja, bidejki se blisku so rodendenite sakam da im gi napravam zaedno. Bi mi trebalo pogolemka igroteka. Vi blagodaram.
Види ја Urban Kidz, ако ви одговара Карпош. Игротеката има занимации за двете возрасти. Паркинг се наоѓа. За број на гости не сум сигурна колку маси може надвор да ви извадат, ама прашај.
Мајки за детски роденден во игротека што нарачувате конкретно од кетеринг за одприлика 30тина возрасни и од каде сте најзадоволни (може и цена да ми пишете за да се ориентирам)
Супер ми звучи Сазби+Џакомо, само ме интересира дали како кутии ги ставивте на маса или редевте пред роденденот. Зашто тие не се класичен кетеринг и не сервираат?
Сендвичињата ги оставив во кутии, пиците ги ставав на даски зошто имаше многу да не се ладат. Не изгледа лично ама не ми беше битно тоа сепак за деца е роденденот и они секако се прават хаос
Здраво на сите, може ли предлози за место за славење на роденден за девојче 11 години сега на крај на август? Евентуално околина на Аеродром, ако имате идеи ќе ви бидам многу благодарна. Никако не можам да најдам место, дека повеќе на оваа возраст не се за игротека...