@Dadusicka intersno i bas nesekojdnevno.Ova so igrotekive mi e nekako ko klise deca samo luduvaat. A kade prodolzi zabavata posle? Svekicki kaj duvavte?
@Selest Кога завршува претставата си одат другите гости, дека нели си има и други гости на претставата, останува славеникот со неговите гости и почнува забавата во фоајето. Самиот влез на театарот. Сокчињата се од дома, они кафе имаа само. Треба чашки, тањирчиња, вилушки да си однесеш. Ние од пластичните за една употреба носевме
Во театар за деца и младинци плаќаш претстава (карти), на крај сите глумци честираат роденденден,е дуваат свеќички и се пее песна. Родители во фоаје чекаат,нормално кафе/сок за нив.
@Dadusicka jas pa mislev hrana ne dozvoluvaat da se nosi. Super. Veke mislam deka ke slavime na istiov nacin idejava me bendisa
Веро Џамбо на средината кај што има балони со хелиум.. бар имаше еднаш кога купував, убави дебели големи квалитетни балони...
Бидна и нашиот 3.роденден. Во ЗОО.Синко пресреќен,се надевам и малишаните,за големите ич не ми е гајле Секоја препорака,кој не е љубител на игротеки,како мене,а дете да сака животни Го рентаат летниковецот,кој сака може да го пазари и вовчето. Дел од атмосферата...се е мое делофалат пиците,купечи А тортата без промашај од "Аромати".
Затоа сакав летно дете, може да славиш роденден кај сакаш.. ама ништо ептен интересна идеја, супер е и декорацијата, а и тортава преубава
Мајки може да ми кажете што се носи во градинка за частење за роденден, освен хартиената торта? Исто и за воспитувачките дали треба нешто и што? Благодарам
Ние носиме хартиена торта, во неа ставам бананка или од малите блок чоколатца, кики и плус мали сокчиња со цевка. За учителките носам сок, кафе и бонбониера.
За сите учителки посебно сок, кафе, бонбониера или се носи по едно за таму да се почастат? И колку учителки се? Ти благодарам на одговорот.
@chocolade освен хартиената торта јас однесов плус сокчиња со цевче за секое дете, а за воспитувачките (4 се кај нас во овој оддел) 2л кока кола, една бомбониера, пакетче турско кафе и едно паковање со 3во1 кафиња.
Многу им носите , јас се улетав вака на темава, ние само крем бананки носевме... не сум стара пред 2 години зборам
Не за сите посебно, по едно да се почастат дента во градинка. Кај нас се две, воспитувачка и негувателла.
Мајки фала ви многу на одговорите. И јас земав една кутија благо, 1 кафе, сок за учителките но вчера една мајка ми рече дека требало посебно за секоја учителка ме зачуди малку... А наместо торта ќе носиме вакво ние. Посебно за секое детенце, но внатре ќе бидат полнети со шарени овошни бонбончиња.(незнам во спојлер како да ставам). Иначе сами ги правевме со мм