Мајки дајте нњкоја идеја што да ставам на масата..Сакав од тие што ги ставаат епруветките со бомбончиња внатре но нњзнам од каде да најдам..Или некоја друга интересна идеја..
Иди на 18.страна во темава,имам слика од нашиот роденден,дел од масата...сама си ја правев и има баш нешто слично што си замислила. Не се епрувети,туку чашки пластични од Џамбо,интересни,на сталак.Јас купив проѕирни,имаше во разни бои. Во некои ставив „смартис“ и „мм“ бонбони, за да биде шарено, а црно-белата комбинација ја изведов со чоко стоби флипс, црни и бели. Сладоледи/корнети од КАМ на стапче за ражничи,имаш исто во КАМ од тие долгите како плетенки шарени стапчиња,јас пувки ги викамисто се декоративни. Во Џамбо имаш доста џиџимиџи за украсување,па дури и тематски,на пример ако имате некој омилен лик. П.С.Јас за кратко време си ја решив дилемата околу тоа каква да биде масата...заклучив дека непотребно е фрлање мин 50 евра за тие слатки маси. Доволно е еден ден да седнеш да си собереш идеи, да направиш концепт, малку труд, волја и време и ете ти ја масата. И ќеифот на крај многу поголем е,отколку некој друг да ја прави.Барем за мене.
Мамички на внук ми му е роденден за 1 месец и на мене падна улогата украсување, пошто гледам дека сте правеле сами имам неколку прашања. Ова слаткиве маси ми бараат 4-5 илјади за буквално ништо па одлучив сама да правам. -Каде освен во MOSS Home Center можам да ги купам оние тегли, постоља, и слични стаклени садови? Таму беа од 50-300 денари садовите а постољата за торти и мафини 400 и 800. Има ли некаде поевтино? Базаро гледав и Џамбо немаат такви баш. -Каде можам да купам балони во сива и бела боја обични еднобојни на големо ненадувани (сама ќе ги полнам воздух). Од Али мислам дека нема да стигнат на време па мора од овде некаде да земам, околу 100-150 ќе ми требаат. И балони бројки (со хелиум ми бараат 500ден од балон, па ќе правам столб). И што цени се? -Има ли овде во Скопје од топките балони големи со конфети внатре со хелиум некаде? Во гтц видов ама беа обични балони, мене ми треба топка http://www.lombard.com.au/www/746/files/shot1_001.jpg За среќа најдов во тинекс чашки, тањирчиња и тие другите тракатанци уште ова со балониве ми остана. Мнооогу ви благодарам извинете на долгиот пост, но барав на гугл и не најдов ништо
Балони бројки имаш на Бит пазар по уличките пред полицијата лево,па десноне знам како да ти објаснам Мислам бројки и во Анаконда гледав и во Атлантис.Исто и обични,еднобојни. За постоља не знам...зошто мора стакленигледав скоро интересни во боја,као пластика во Рамстор маркетите.Имаш и на Зелено пазарче голем избор,веројатно и стаклени,во тие дуќанчињата за чаши,шољи или што би се рекло за покучанство
@PUPICA ти благодарам многу..Роденденот на крај може и дома да го славиме сеуште не сме одлучни но мора да решиме деновиве..Темата ја сменивме роденденот и е баш на велигден па тортата е порачана еве ја Па украсувањето ке видиме како ке биде..Ако имате некоја идеја давајте
Па ете, бидејќи е на Велигден, може да ставиш од тие чоко јајцата што се од Витаминка...Исто, во Кам има чоколадни зајчиња, и на стапче и по неколку во пакетчиња... Зависи колку дечиња ќе имате, на пр. да има за сите по едно пакетче... И киндер јајца може исто... Во главно јас би го задржала Велигденскиот дух
Да да и јас тоа сакав ми се допадна и маса една велигденска па ако е во игротека може да прашам да изнајмам нешто или ако е со пристапна цена тие да ја направат Па ке видиме ако е дома секако јас ке си украсам ти благодарам на идеите исто имам еден помал стаклен сад сакав во него да ставам од тие малите како јајца што се разни бои ги има Ти благодарам на идеите
На керка ми и се пага првиот ден од Велигден па затоа така одлучив..А и се радува многу на зајчето на тортата
Нас ни е одлучено зa торта- Мики Маус. Нешто во овој стил ќе биде. Ако некој имал ваква декорација нека пише. Имаме време уште 1 месец и 1 недела.
Нас нема тортата да ни биде велигденска сигурно, ама декорацијата ќе биде во тој стил. Ми текна на топчињата од пудинг на @Anath па сакав да ја прашам дали ќе може да се направат во форма на јајца на пример. Секако ќе направам една проба пред тоа, ама сакав да се консултирам пред тоа оти досега ги немам правено. @Annath , што викаш?
Кажете некој што убаво изработува декорации, слатка маса.. по желба на синко, оваа година paw patrol Па време немам сама како минатите две години да правам...
Може, само малку поцврста ќе ја направиш смесата, и може пудингот да го изматиш со маргарин, за да се стегне повеќе.
Каде се најевтини тортите со фондан? Колку чини од прилика торта со 20-25 парчиња. Декорацијата не е воопшто комплицирана, ниту има фигури.
Tortite od hartija se ziva glupost I cinat mislam deka mnogu za ona sto go nudat- nishto. Napravi si sama nesto
Знам дека се глупост и ич не ги сакам. Ама син ми многу ги сака, ептен му се доживување. Ги разгледував на али и имам време да нарачам, па сакав да споредам со цени дали ми се исплати да ги чекам или овде да ги купам.
10-15 денари парче се празни, а 25-30 полни. Барем мислам дека толку беа. Јас од Роденденска Бајка имам нарачувано, така барај ги на ФБ.
Ги поскапеле. Иначе јас првата година сама направив, си купив разнобојни хамери од Џамбо, ја испринтав шемата и само сечев и лепев. Ваква испадна...