Може и мене да ми пратиш линк. И јас сакам вакви да има за роденденот од синко. Немам до сега сретнато по ФБ некој да изработува.
На 01.06 го прославивме вториот роденден, а темата беше Пепа. Бидејќи локалните студиа за декорација малку се заиграле со цените одлучив сама да си ја средам декорацијата во, некоја нормала за интимна прослава со нјаблиските луѓе.
Срам не срам, ќе прашам. Има ли некој направен број 1, за прв роденден? Не мора да е украсен. Или идеа како брзо и лесно да направам? @AngelOfArh може ти имаш идеи?
Јас сум правела од картон, за малото, ама го дадов во градинка во јаслите да слават родендени на дечињата со него. Единицата е лесна за правење дека е со прави агли, пиши на Пинтерест или Гугл how to make number 1 3D patern. Еве ти одприлика како да направиш и на крај и цветови како да направиш да го украсиш. Досега сите што ми барале нарачка вакво на крај им било скапо и не го нарачувале зошто реално вас ви е ситница, само украс, а јас треба баш да се изнамачам со него за да го направам и на крај за да е прифатливо цена ефтина да му ставам.
Да, знам дека е мачење. Имам правено нешто слично, не бројка и стварно треба време. Сега со времето имам трка веќе. Пред 2 години ми рикна пиштолчето на силикон, кај да најдам ново? Фала ти за видеава. Ги имам гледано. Мене ми е мерак да правам сама и ме бива. И квилинг опрема имам дури. Се си седи така од немање време. Ако отвориш цвеќара, се пријавувам да ти бидам замена дур одиш на одмор @An-na знаеш дека добра ти е идејава, дури можам и дедото да го натерам да го исече убаво.
Пиштолче за силикон во Ѓорче на пазарче, по железариите и во Пантер Мис имаш. Од стиропор само доколку имаш алат за сечење стиропор, со скалпел, нож или нешто такво тешко се сече, си сака со топлина.
Има ама пукаат во раце, три ми експлодираа во раце од Базаро и на крај за многу малку поскапо си купив од железарија. Додуша јас ги користам поинтензивно, може затоа пукаат, што знам.
Не сум користела. Само сум видела Мм сече стиропор со скалпел, па после струга. Така и фасадери работат
Во петокот купив пиштолче со силикон од џамбо, ке го пробам оваа недела, има два модела едно помало и едно поголемо.
Мајки ни се ближи втор роденден. Дајте идеи за украсување на масата и позадина во морнарски стил? И од каде порачувате ситници тракатанци? Нешто линкче пуштете ми да добијам повеќе идеи