И така е летен период мислам дека темата ти е одлична, моеш и со пирати или подводен свет доколку најдам некоја идеја ке ти постирам
Честитки со задоцнување! Секогаш имаш креативни подароци! Прохарај го Пинтерест. Гарант милион идеи ќе добиеш!
Женски дајте идеја за прв роденден машко и женско? Некако додека бевме на одмор и мене ми дојде идеја морски стил, ама па бело плаво ме тера да се двоумам, да не се лути ќерка ми кога ќе потпорасни.
Идеи имам да, ама од каде може да се порачаат ситници на пример вакви? Ако барам се што сакам од цвеќара сигурно скапо ќе ми излези и затоа сакам и јас да имам некои ситници.
еве идеја како украс од стиропор ламиниран принт јас имам порачано животинчиња мојата тема беше животинско царство Кутивчињата со пуканките и јас имам нарачувано со животинчиња во печатница, не земаат многу скапо Шишенцата ги има во цвеќарите немам нарачувано ама сум ги приметила, за украсување ке им кажеш како, а што ке ставаш во нив?
Не знам дали ги имате овие продавници кај вас но тука сретнав вчера многу декорации во морнарски стил а и доста ефтини се.
Да не сум надвор од темата тука ке ви се заблагодарам за честитките,да сте живи,здрави и среќни со вашите деца . На 8јули наполни 2години. Со најблиските прославивме во ресторан,плус дуваше свеќичка и дома.
Женски, каде да најдам било каква играчка рипката Немо? Гумена, пластична, плишана, небитно, за роденден