Мајки да ми кажете каде би можела да најдам одредени реквизити со Пепа прасе? Капи, салфетки, чаршаф, балони и сл.... ? И дали може да ми дадете препорака за слаткара (од искуство) што би изработила торта со тема Пепа, така што би ја доловила да личи како што треба? Ако имате слика да видам би ви била благодарна
За торта слаткарница New York во Дебар Мало, побарајте ги на facebook или instagram, вкусот им е прекрасен, а за изглед видете ги сликите
И годинава решив сам свој мајстор за частење во градинка. Мерак ми е мое дело, не сакам клише хартиени торти, пакетчиња и сл. Дете "моча" од среќајас бетер Разбира се, на тема фудбал На местото на смајлињата е неговото име... Не се гледа и Роналдо Едната кутија со крем банани и лижавчиња, другата со овошни карамели и блок чоколатца. Се по 40, толку +- идат деновиве Да е жив и здрав Стокомак
Ај и тука да прашам Да ми препорачате вкус на торта од Делиција? Од она што видов, размислувам да биде -домашна-. Она што го сакам е претежно чоколадна торта, не преблага. Може ореви лешници и слично. Не сакам овошје внатре, рум и слично. Според ова кој вкус го препорачувате?
Сахара преубав богат вкус со бело чололадо и бел фил и јаткасти плодови блага ама не е тужно блага баш таман. Две годнини по ред таа ја нарачувам.
Лани имавме чоколадна, оваа година киндер. И двете се убави, мене лично киндер ми е поубава. Следната година во план е сахара. Која да ја земеш, нема да згрешиш, убави им се сите.
Majki da ve prasam ,za vo gradinka sakam da spremam kesicki so podaroci za decinjata ,ama tamu duva rodendenska sveka slavenikot ili ne , kako odi ?Prv pat slavime vo gradinka ne sum vo tek
Ако сакаш ти, може да однесеш свеќа да дува, јас не сум носела. Само бројка од стиропор или картон, пошто пакетчињата како торта ги направив. Може и балон бројка, како сакаш. Изборот на крај е твој. Мислам дека не прават проблем за свеќи, барем во нашата градинка.
Свеќата ќе им ја дадеш на рака. Инаку, не во секој градинка е дозволено. Во нашата не е, треба да си прашаш.
Мајки јас со време си нарачав и кутивки и разно разни хартиени тракатанци Реков оваа година нема да бидам сам свој мајстор За торта имам време да мислам, но да им откажам љубов на Аромати или не јас сум задоволна, но да сменам а Романса доста ја зборевте, на фб гледам совршени им се тортите, па што вкус да бирам од нив ако се они? Препорачајте нешто вкусно! Друго, оние што прштат и ги ставаат по торта кај ги има? Ваљда знаете кои се
Емке тие ги имаш насекаде,и во поголемите маркети,и во маалски продавничиња за играчки,џамбо па 100 посто.За аромати што да кажам и оваа година од кај нив нарачана,пак скроз замрзната,некој е глуп ние или они незнам ама 100 пати нагласив.Е утредента е преубава кога ќе пушти мразот
Значи Џамбо да барам, фала Неколку пати нарачувам и никогаш не ми дале замрзната, не знам стварно што да кажам. Уствари за бебе рано сабајле у 10ч ја донеле, па од ресторанчето ја чувале, е каде не знам, но супер си беше вечерта кога се сечеше/јадеше. Но и за мој бдеј у август со фондан сум нарачала, исто не била замрзната и за бебе на крштевка у август супер си беше.. Знам доста се жалеа на тоа, но ете мене не ми се десило