Во Бутел била, ни јас незнам точно кај е, мм знае. leo-n-tina ги проверив марфи, шарлота, романса, кувертира... канела ич не прашувам зошто знам дека пред две години кога барав за мојот роденден торта изгор ми беа цените. Јас како што сакам да биде украсена незнам ни да објаснам, па да ти кажам искрено цело време ми се врти во глава да ја порачам дали само со фондан или само со шлаг па да купам украси. Нема да ми излезе поефтино тоа е сигурно, ама барем ќе биде шарена како што сакам, односно сакам да е многу шарена зошто знам дека ќе и привлече внимание на Лина, ќе ја израдува. Не ми е целта на луѓето да им е убава, повеќе сакам детето кое и така не ми разбира ништо да биде возбудена(како што она знае ), па макар и циганска да излезе на крај од многу украси
Во шарлота ги прават со фондан такви убави и шарени,и не е скапо јас лани земав за малата за 40 парчиња 1500 ден со фондан,а со шлаг истата торта е 1000(а и без разлика за колку парчиња е тортата,фонданот се доплаќа 500ден) Е сега нашата торта не беше многу шарена,ама ако сакаш ке ти пратам лп да ја видиш изработката каква е.
Точно е тоа дека детето највеке ке се радува,ние одбравме Бејби Фрст ликови и Пикабу со топка,и првата реакција на малиот беше Буууууу и Гол(за топката) и бидејки беше фондан топчето одма се залета и го грабна во рака и викаше гооолл,тоа беше врв најдобриот и најубавиот момент срекно и насмеано дете.Така да гледај малата што сака бидејќи стварно ние возрасните повеке обрнуваме внимание на тоа како изгледа тортата ,ама децата вистински знаат да се израдуваат.
vickyy праќај слика и кажи ми дали со се декорација ти излезе 1500ден или за фигурите дополнително наплаќаат??? Инаку еве ви цени за торти за кај што се јавив да прашам Кувертира: 40парчиња 850ден 50парчиња 1050ден 350ден пластични фигури 400ден покриена со фондан(без додатоци) 200ден фигура од фондан 50ден апликација Шарлота 40парчиња 1000ден 50 1200ден 500ден фондан 300ден играчки пластични cake boutique 50 парчиња со шлаг 1450 со фондан 2300 декорација 300-500-800ден Марфи 50парчиња 1700ден со фондан
meU јави се во Aromati cokoladerija (ги има и на фб побарај ги). Таму за 50 парчиње е 1900 со фондан и ги прават предобри. Баш на еден роденден кај што бев имаше и ми се допадна и вкусот и изработката. А јас за мојата за прв роденден нарачав од канела и беше многу интересна на два спрата, со триста шаренила, едниот спрат коцка другиот круг и накривена беше во сите можни бои, со звезди и топцинја на чачкалици и ме чинеше 2400. Нешто слично на втората торта што си ја постирала, ама исрено поубава беше. Така да не е нешто разлика во цена а изработката им е врв. Сепак е прв роденден.
Еве да ве информира дека падна конечната одлука, ќе порачаме од Кувертира, ќе биде шарена, со декорации, мали пчелки и бубамари(од фондан), на овие фигури им се радува мн ,посебно на пчелките зошто ранчето и е такво и мн си го сака А нормално и мама ќе додаде нешто, не остава така За 50парчиња со достава до дома , фондан, тродимензионални фигури и стапчиња со фондан на кои ќе го пишува името ќе кошта 1650ден, мислам дека е одлична цена и најважно вкусовите им се екстра(барем тие што сум ги пробала до сега). Слика ќе ви пратам обавезно
Ние имавме една голема фигура,и ми кошташе 1500ден,ама мислам дека и ако се повеќе фигури независно колку доплатата на фонданот е 500
Се изнакупивме чудесии , украси, и триста други ствари од Џамбо. Но, уште доста имаме за купување, за комплетно да ја реализирам замислата за 1виот ни роденден Искрено очекував и планирав по ефтино да поминеме, ама како што тргна ништо од таа замисла До сега потрошени 1800ден, + 1650ден торта, а ни требаат тулови, циркони, сатенски ленти.... Јадење, оредевери, тие работи не ги бројам. Им се чудев на луѓето во Ск, како толку пари трошат за детски родендени, ама сега ми е јасно
So Kuvertira nema promashaj.. Nie sme edni od najredovnite klienti...em cenite im se ekstra, em vkusovite odlicni, em izrabotuvaat figuri ili sto i da posakas po zelba.....odlicen izbor Meu. Ne znam koj vkus ste go odbrale, ama mene licno Carska mi e omilena.
Јас имам пробано комбинирана и беше фантастична, а и чоколадна мислам дека беше другата исто така преубава. Ние лично по дома сме си по чоколадното, бел фил избегнуваме, ама нели де не е само за нас иако сметам дека и за дечиња само чоколадна нема промашај ќе видиме , се двоумам меѓу овие два вкуса
Да и ја видевте само фацката на ќерками кога ја виде тортава Се одлучивме за оваа , е сега не знам дали да ја порачам од кај Станислава или да ја барам Кувертира каде се наоѓа па да прашам и таму
^Кувертира е во Бутел, во куќа по едни улички, не е баш лесно да се најде, ама кој и да прашаш таму ќе ти каже. Еве на Златна книга има мапа ако ти помогне погледни ја - Кувертира ЗК. Еве ја и веб страната - Кувертира.
И ние знаеме само дека е во Бутел, а понатаму ќе прашуваме Јуник, преубава е тортата, дефинитивно овие бебушите збеснуваат по шаренило
Дефинитивно ќе одам во Кувертира , Станислава ми побара 3000 ден за оваа торта, 55 парчиња. Од сите што и ги пратив оваа беше и најевтина другите по 3500,4200 Мислам навистина се убави на изглед тортиве ама што е многу, многу е...
Приметив дека ептен се скапи ова детските торти. Мене искрено ми е малку ненормална работа што зборат за толкави суми, зошто реално тортиве коштат околу 700-900ден.(да ги направиш дома), е ај уште толку да ставиме за работна рака, пак не испаѓа 50евра торта. Некој за тие пари работи една недела, сепак мислам дека стандардот не ни е за вакви цени... Јуник, во Кувертира за 50парчиња њ 1050ден, а фонданот е + уште максимум 600ден , само незнам дали прават од слики или само моделите кои ги имаат. Ај баш пиши ако прават по слики.
На мојата најмила и помина роденденот, па редно е да реферирам како поминавме . На прославата со децата од одделение имаше 15 деца. Викнав една другарка да ги анимира, ама морав и јас да учествувам прилично, затоа што излезе дека да надвикаш 15 деветгодишни деца не е воопшто лесно . На почеток, додека пристигнуваа децата игравме „Дува ветер“. Се прави круг од столчиња, за секое дте има столче, само едно дете стои на средина и кажува дува ветер, дува ветер за сите што... на пример носат бела маица, имаат кафени очи, сабајле измиле заби, сакаат да јадат еурокрем, итн. Сите што го направиле или го имаат она што е кажано треба да си ги сменат местата, а и детето кое е на средина треба да си најде место. Кој остане без место, кажува дува ветер, дува ветер... Откако се собраа, влечеа ливчиња за да се поделат во два тима. Им дадов и задача да си измислат имиња за тимовите, и тимовите се натпреваруваат во 5 игри: 1. Пренеси го предметот: Секој натпреварувач требаше во лажица да пренесе еден од следниве преднети: домат, варено јајце, или топче за пинг-понг. Тимот кој ќе ги пренесе предметите за пократко време добива повеќе поени. 2. Трчање во двојка: Натпреварувачите трчаат во парови, со врзана по една врвка со шал, марама, јаже и слично. Тимот кој ќе ги истрча за пократко време добива повеќе поени. 3. Кој прв ќе најде: Секој тим има задача да најде неколку скриени предмети. Тимовите треба да најдат различни предмети, а победува оној кој прв ќе ги најде сите предмети. 4. Дај кош: Натпреварувачите треба да дадат кош со топче за пинг понг во мала кантичка. 5. Сложувалка: секој тим доби по една сложувалка којашто требаше да ја состават најбрзо што можат. Бидејќи имаше 5 игри, победник беше екипата која имаше победено во повеќе игри. На крајот имаше мали награди – чоколатца во интересни форми, различни за победниците и вторите. Сакав да земам и играчки медали, ама не успеав тогаш да најдам по пристојна цена. На крајот имаше торта и конфети и роденденот заврши. Имав и резервни игри, но не успеавме да ги изиграме. Децата мислам дека навистина уживаа, во натпреварувачки дух
Pravat po slika. Mozete po mail da im pratite kakva sakate slika i tie kje ja stavat na tortata. Zboruvam za o inie shekerni aplikacii.
^Лолита, МеУ мислеше ако им однесеш слика од направена торта дали ќе може истата да ја направат, или може да се избере само од тие модели што веќе ги имаат, а не да стават слика како апликација врз тортата.
Да може, ние бевме денес конечно ја порачавме , слична на таа погоре што ја постирав. 1850 ден - 50 парчиња. Едит: "Кувертира" ја најдовме лесно кога стигнавме кај ПроКредит Банка во Бутел , прашавме тука и ни кажаа каде се наоѓа