Јас за овој роденден нарачав мини пици, мали кругчиња, од силбо, 400ден кг. Мислам по 35 има во кило. Тама ми делуваше поубаво него ли класична пица.
Слават децата од одд на ќерка ми родендени во слаткарница. Но за нејзиниот не знам какво ќе е времето па ми е страв дека внатре ќе им е досадно. Имате некоја идеја што би можеле да прават/играат? Ќе полни 8год.
Диско? Нели поранешен Вулкан го изнајмуваат за такви прослави, а може и некој локален мал кафич, па да им пуштат музика и да рипаат, ќе пијат сокче, јадат торта, грицки и топ
^имаше некои такви родендени, некако не и се допаднаа. Она би пак у игротека ама мислам заради друштвото нејќе. Големи биле Чепкајќи по нет видов една нова игротека во близина, може ќе ја биде и како диско. Ми стои за голема од сликите, ќе ја однесам да ја види.
Далеку ми е Дафи, нема да ми дојдат децата од школо. А и не сум била ни јас таму воопшто. Фала за идејата.
Мене повеќе ми беше прашањето, што би можела да им однесам во слаткарницата за да таму се забавуваат Ама идејата за "диско" ќе гледам да ја протнам. Во театар и кино нејќела досадно било веќе. Во "илузии" и јас би сакала ама ми е страв да не банкротирам, повеќе од 40деца имаше лани
Немате некои аниматори да ангажираш? Кај нас ги има. Супер журки им прават на деца од различни возрасти.
Поим неам како, децава го измислија ова како опција. Мене ич не ми се допаѓа, само на јадење се сведува роденденот. Имаат тостови, сокче и торта. Глумат големи.
Аниматори? Maskoti, Animacija i crtanje na lice побарај на фб. Јас најмив за на ќерка ми роденденот сапуница/дете во балон 30мин, малку занимација поразлична да видат децава поголемки. Ке славиме во игротека ама ова го земав за поголемите деца, па може и некој возрасен Имаат гледам и некои игри за поголеми.. ѕирни си на страната.. Еве што е тоа со сапуницата