Речиси во секоја маалска џиџимиџарница за деца. Мислам дека сигурно ќе најдеш во Анаконда, Галакси, продавничките низ Бисер.
Барам на Али декорации за роденденот, па ме интересира дали оние балоните од фолија можат да се надуваат со обичен воздух или мора со хелиум? Еве на вакви мислам:
Веројатно пишува, би требало да е напоменато. Од Али никогаш ништо не сум порачувала. Има од фолија со воздух што се дуваат, пред 1 месец од Џамбо купував.
Сите балони можеш да ги дуваш со "обичен воздух". Разликата е во тоа што нема да ти лебдат ^ со кутрињава ќе ви е темата? Совет од мене, купи си ги фигурите и нека ги наредат на тортата, ем дете повеќе ќе се испорадува, ем ќе го избегнете моментот како со бабата Ми текна на Маша и се испосмеав, сори, тебе ваљда уште ти е мака
Фала ви девојки, тоа и ми беше недоумица, не планирав да ги полнам со хелиум па дали ќе биде со обичен воздух или не. Ќе порачам тогаш такви. Не ме потсеќај Емке, уште имам трауми. Годинава ќе се Paw Patrol темата, нормално ќе ја правам на друго место тортата, нема шанса пак таму. Туку гледам сега во послено време вака ги прават, не е ниту пластика, ниту марципан... појма немам од што се фигурите ама многу убаво изгледа.
Vo Delicija ubavo gi pravat kucinjata, i golemi se iznenadiv koga gi vidov. Spoiler: Torta Inaku ova sto vikas mislam deka e fondan pa odozgora isprintano so boja sto se jade. Sum gledala na cake boss
Стварно преубави овие на Делиција, буквално ќе речеш играчка дека е, а не фондан. Ќе ги разгледам на ФБ. А ова со фигуркиве јас што ги ставив ми изгледаат дека не се јадат, ко од стиропор да се, па врз нив лепено слика.
Се јадат, јас се од таму зимам последниве пати.. Јас оваа година решив да не зимам со фондан, 3000-3500 со фондан се сум давала, а сега порачав од Делиција со шлаг 1700ден, 55 парчиња. Со Пепа, слика и шлаг, па ке видиме каква ке биде Посекако ке се радува зашто многу ја сака Пепа Ваква порачав..
@Lolipop23 види од Аромати каква ми ја направија... каква им пратив, а каква направија... разочарана бев од кучево. А Делиција ств мн убаво ги прават, па макар и да не се јаде... тортата е за јадење како и да е, тоа шекер 200 тони фонданот не..
Маршал е екстра во споредба со мојата Маша лани. Инаку добра идеја ти е тоа со шлагот, баш стави слика од вашата кога ќе помине роденденот, јас имам време да размислам, туку сликата сама треба да си ја купиш или како, не ми е јасно баш?
@Lolipop23 јас две години по ред нарачувам од Делиција со слика. Праќаш слика буквално каква сакаш и истата ја пресликуваат на тортата. Синми у некој свој филм сакаше тој да биде на сликата, со еден фудбалер и омилени цртани ликови, направив фотомонтажа и им ја пратив. Во случајов и да сакаат, не можат да утнат Ќе ти објаснат за големината, резолуцијата. П.С.Башка ја испорачуваат бесплатно
Ја симнуваш од нет и им ја праќаш, едноставно Имаат они специјални принтери за сликата. Јас најдов две убави со голема резолуција, на едната е Пепа напред, на другата Џорџ напред, па им ги пуштив двете за да видат која поубаво ке одговара...
@Lolipop23 чисто да ти доловам... За мој вкус сликата малку повеќе е "село весело", ама синми се подмоча од среќа, впрочем, тоа е најбитно
Еве @Lolipop23 баш истата слика си ја најдов на нет од тортата што ја најдов исто на нет. Па им пуштив. Ме инспирираше торта на комшикава, со Ариел со шлаг Абе колку беше убава Каков фондан... за тие пари нешто ке купиш на дете или еве како мене си земав анимација плус за во игротека да ги ставаат во балон од сапуница децава
@mariz , @PUPICA фала ви девојки, многу ме бендиса, дефинитивно и јас ќе правам вака со слика и со шлаг, ем поефтино (син ми ги сака сите кученца, а тоа богами ќе кошта), ем се јаде цело (се јаде и фонданот, ама обично сите го оставаат), а и ќе се поштедам од трауми како ланските. Само да најдам овде во Кочани дали некоја прави на овој начин.
Ја тргаат сликата, кога ја сечат тортата, барем јас така гледам. Ама во секој случај, поевтино е. Имате опција на пример да ви ги направат со фондан дводимензионални, не 3D. Вака нешто Ваква беше тортата на син ми за третиот роденден, одлично направена, исто од Делициа.