Роденденот беше пред скоро 1 месец, дури сега ми текна да ставам, а специјално за тука ги сликнав декорациите. Поклончиња за децата. Внатре имаа лижавчиња со Пепа, play doh, slime, marshmallows, мини Haribo, стикери со Пепа и чоколатца. Банер. Овие за на мафините. Тортата.
Многу убаво, скромно, нежно, уникатно Најсреќен @SofiMar_ ама е џиџано Најсреќна Инаку ти ја правеше тортата? Фигурите твое дело се? Ако да, да даваш рецепт за тортата
@FancyGirl* @emkaemka Фала ви многу. Превкусна беше тортата навистина, јас ја правев и декорирав. Две торти правев, оваа беше за во игротеката, а за дома иста внатре само со шлаг украсена. Рецептот ми е постиран во Рецепти од Фемина инстаграм на 196 страна.
Ич не се сеќавам лани колкава торта порачав т.е. колку парчиња? Вие како порачувавте? Знам зависи од бројот на гости, ама во игротеките секако ги сечат чудно.
Јас порачав торта од шарлота Сите ги прашав не правеа достава до мојот град. Една другарка многу ги испофали и на вкус и на изглед па да видиме на крај како ќе биде.
Јас порачав 45 парчиња. Имав околу 40-тина гости (заедно со децата) и ми остана околу 1/3. Ептен минијатурно сечат во игротекиве.
Баш заради тоа прашувам. Не сакам дома да ми останува. Ќе ја ставам во фрижидер и таму место ќе ми фаќа, па во ѓубре ќе оди на крај.
@kukla21 Рачунај по 1 парче за возрасен, 1 на 2 деца и направи математика. Јас така направив годинава, поучена од претходни години кога ми остануваше пола торта. И да не сечат како што велиш во игротека чудно, напомени помали/пола парче за дете.
Ако ти остане многу не се устручавај, има кандидати Скоро блиска порчала торта од Моншери за 45парчиња, а имаше едно 30деца и 30возрасни, бдеј у игротека. Парчиња сечени проѕирно и минијатурно, абе едвај извадија за сите. Мене срам ме изеде Инаку јас за 70парчиња порачав, гости 45 со се деца, но кај мене обавезно ќе се бара и репете, план е да има и да остане, околу све сме шеќераши, нема ни парче да се мота и фрли
Според математиката на @PUPICA доволна ќе била тортава Ваљда зависи и до слаткарата како ги брои парчињата. Ти од романса порача?
Зависи од детето Кај мене едно трето парче побара Јас не ја враќам дома. Нарачувам повеќе за секој случај и што ќе остане на најблиските им праќам за по дома...