тортата е од шарлота Ептен убава ја погодија За вкусот да не збориме преубавоо секој кат беше со различен вкус искрено ваква торта одамна не сум пробала..друг пат не мењам омилени ми станаа едвај чекам нешто да има од нив да порачам
Штом ја фалиш Шарлота можда е време втора шанса да ѝ дадам. Во задно време многу слаткарници потфрлија пред мојот вкус. Последно Делиција ме разочара, на последните два родендена маргарин-вкус
Мене од Шарлота ми се бљак. За изглед ок,проаѓаат, но за вкус не би ни без пари. На почетокот беа ок, но се искурназија скроз и не се оправија. Ако збориме за Шарлота во Маџари. Последно на мајка ми цела торта и утнаат, скроз друг вкус,па не признаваа. Туку последно јадев торта од некоја слаткарница во Драчево и беше супер. Камелија мислам се вика. Искуства?
Па Шарлота мислам една е. Јас не нарачувам веќе 10 години од нив, последно јадев на некој роденден пред 3-4год и не ме бендиса баш. Од Бутел е Кувертира. Таа да не е? Убави торти два пати јадев од Ве-микс на родендени. Можда од нив да зеам у наредна прилика. Јас на секој роденден прашувам "од кај ви е тортата?"
Исто и јас по сите родендени прашувам. Така дојдов до Камелија од Драчево, торта бадем. Само немаат достава,па мора до таму да се весла,а далеку ми е. За Шарлота можам реферат да напишам. Од како отворија мајка ми најредовен муштерија им беше. на почетокот беа ок, а после лотарија станаа. Истите колачи, секој пат различни ги правеа. Еднаш убави,еднаш бљак. На еден роденден на мајка ми ја заборавија. Чекаме торта, торта нема. Им се јави, па вака,па така, сека ќе дојде. По пола саат донесоа торта. Сечеме, внатре два ролата споени и со шлаг покриени одозгора. бар снаодливи. Еднаш јадела царска торта од кај нив, ја нарача, ја донесоа ,врска немаше со таа што ја јадела. А односот на тие што примаа нарачки во слаткарницата беше посебна приказна. не смееш да зуцнеш,или два пати да прашаш нешто. Ова зборам за до пред 4-5 години.
Кувертира убави торти Шарлота последно на внучка место Киндер и направија со крем банани очај е мал збор, у уста не се ставаше, јас сум шеќераш ама оваа ја одбив Ваљда е и индивидуално, пример блиска е задоволна од Моншери, а мене ми се крш, шлакотница, стари пандишпани полиени со сок од лимон Еве и Романса ја изнафалија, вкус прочуената влашка, ама за мене е куп тесто со ореви и едвај фил, не е ни блага Тазе беше и се, ама јок, за тие пари не ми вредеше, јас толку тесто не сакам у торти. До сега најубава торта ми е од плавата Канела вкус романса, ми нема рамна, нареден бдеј од таму ќе е, па како сакаат нека ја украсат!
А моцарт? Мене влашката ми е поувава од таму отколку романса. Читајки овде нарачав од романса за последниов роденден, убава беше ама не како што читав овде. И карамел па и да немаше, а нели тоа е финтата да има карамел плус да крцка, како во моцарт
@emkaemka се сложувам за Кувертира дека не се убави, ноо мислев Ирена да не е грешка со името. Исто и за Канела се сложувам, и плавата и црвената има убави торти. Од Моцарт ни јас не сум пробала, но читав некаде дека цените се плафон.
Не се нешто многу поразлични од романса со цените. За еден роденден земавме од таму. Е сега не можам да споредам многу како е со други слаткари
Моцатр сум јадела еднаш и тоа што го пробав може да се каже дека беше многу добро. Според мене во моментов врв ми е жарбо од перфето, ама па за декорации ич не ги бива, барем не по тоа што го имаат постирано на фб.
Стварно за мене остана уште Перфето. Другото се ми е крш. Дали јас сум станала терсене, и се не ми чини или навистина е така. Инаку до сега нарачував од Аромати, декорации врв ама па вкус бљак.
Сум кажала, лани за наччкана торта за 60парчиња ми побараа 15ки Оваа година не ни помислив да прашувам, ај помалку наччкана, ама за 70парчиња сакав Инаку Романса за тортата ми зеде 4.150ден, лично не ми се виде скапо и многу поскапо од Аромати на пример. Лани од таму беше, за 60парчиња, ја имам постирано, мислам дека платив +/- 3.600ден, со се вклучена достава од 200ден, значи 3.400 била самата торта Инаку сум кажала, јас сум задоволна од Аромати и за вкус и за изглед, ама ете решив да пробам со Романса..
Романса мајка ми ги фали, мене ми се бљак... многу тежок вкус. Ниедна не ми се свиѓа. Ве-микс ми беа хит, ама зезнаа... Шарлота еднаш пробав, одамна и ми се допадна па уз пат бевме и земавме од се благо по едно. Очај... не отидов више. Канела, премногу благи, тешки торти... последнава ни пола мало парче не изедов. Моцарт не сум пробала а нема ни да пробам освен ако не е на роденден некој. Зафир ги фалат, ама тие мини торти што им се не се по мој вкус. Мон-шери слушнав дека се сменила газдарица, и по она што гледам на фб, изгледот е се само не професионален. Јас не сакам тесто со лешници, кикирики, ореви и слично... Едноставно тоа не ми е торта. Ок е да се мелени, ама не би фала. Од делиција нарачувам еве 4 торти по ред и нема утка. Исто како на слика. И буба марата е торта, за разлика од некои што ставаат стиропор или алуминиумска фолија. Ама и ја сум терсене за вкус.
Не ми е јасно, не сакаш тесто со лешници, ореви и слично...Според тебе што е торта? Делиција задниве две торти што ги јадев апла се осеќаше дека не се со путер правени туку со маргарин, завчера на роденденот не ја ни дојадов колку беше тешка за јадење!
Не ми се.. цели или сецкани јаткасти плодови кои ти крцкаат под заби јас лично не сакам. Реков мелени е ок. Уште кога ќе осетам лушпа од ореви... Тесто со мелен лешник ми е најубаво. Ама тоа сум јас.
Не бе, само да е меко, да не ми крцка ништо. Иначе такво само тесто кај нас мислам нема. За торта зборам.
Тие да дојдат кај нас ќе паднат на гз какви торти имаме... Тесто и шлаг само.. некои се и само тесто, битно форма да има.