Ако си решена ќе видиш и сама верувај јас сум презадоволна од нив.јас порачав од слаткарницата на автопат што е таа..иначе не сум била ама татко ми така ми кажа .
Сум била до двете, и таа на автопат, и таа упиканата во Маџари. Ама истата е. Ќе ги пробам за некој од домашниве родендени.
Да ми препорачате аниматори за роденден, некои стварно добри, што ќе имаат интересни активности со децата Може и оние што ги цртаат на лице ама убаво
Ние за првиот роденден нарачавме од Дела Роса, ама не е во Скопје и не знам дали вршат достава. Тортата беше фантазија и на вкус и на изглед, нема некој што не побара репете Се вклучив во муабетов ради @Цвет88 дека сака таква торта баш како што имавме ние. Тестото беше со мелени јатки, а самата торта беше богата и кремаста, штета што не се сеќавам како се викаше.
Лесни се за правење конфети се викаат (можеш и да ги купиш секако) повели: https://www.google.de/search?client...mAhXrTRUIHSwXCREQBSgAegQIChAC&biw=414&bih=719
не бе какво правење ја немам време заби да измијам па да правам хахаха,ќе побарам во џамбо кај нас друго се нарачав од интернет и торта и декорации,за 19 дена славимееее
Ан-на, сега роварев низ темава да соберам идеи, па го видов ова. Вака некако ги замислував и јас. 1. Од каде ги купи кесичките? 2.Што стави внатре ? (немора да ми одговориш ако несакаш) 3.Украсите на штипчињата се посебно купени или има во Џамбо и такви штипчиња? Е, многу креативно и ефектно.
Кесите се од Дм. Не знам дали уште имаат вакви бои (ова од лани е) последно што гледав имаа црвени и бели. Внатре ставав тортичка, чоколадни парички, кики бомбони, лижавче и плус сокче. Штипките се најобични од Џамбо, украсите се лепени. Имаш во Џамбо најразлични украси, далеку поефтино е сама да ги лепиш отколку да купиш украсени. Има и такви во Џамбо, само мене ми се видоа скапи. И во Офис плус имаш украсени штипчиња.
Декорацијата од Али Експрес ја нема да стигне, а роденденот се ближи, кажувајте овде каде има со Paw Patrol мотиви, да си имам за резервна опција. Водички ќе земам од Зегин, ќе ми требаат балони, чашки, свирки и слично... сама не можам да правам ич не ме бива.
Пред неколку дена видов во Жито во Ново Лисиче роденденски комплети (чашки, тањири, свирчиња со стикери), имаше и салфетки. А, верувам има и по продавниците на Бит пазар и оние во стилот на Анаконда, Галакси и слично, можеби и во Џамбо.
Да им пишеш на Happy day на фб? Мислам дека имаат продавници во Кавадарци и Битола и пуштаат по карго. Имаат голем избор на роденденска декорација колку што гледам.