идеи што тема да биде за 3 роденден девојче , првиот ни беше teddy меченца , 2 со мини маус , и сега без идеја а со време треба да почнам нарачки да правам , 3месеци имам
Фрозен ги сака моментално ама не ми одговара за у мај некако оти е зимска тема повеќе сеа гледаме на пинтерест виде некоа торта со облаци и се исповозбуди , па со слатки онака ко candy тема , и таа и таа , па се префрли сакала маша и медо , па Фламинго и се ова у пола саат и прекинав со гледање ќе има доста барање дури а погодиме конечната желба , се си сака она
Мојата на 30 јуни ,3 ќе прави па фрозен ќе биди темата. Колку е возбудена само тоа кажува, таа ќе била елза, па фустан ќе носела како елза па ова па она. Па ќе играла на let it goo..и ја пее. Оставија сама нека избери. (Па макар и да нема логика) Нивната радост е најбитна
Уф ако ти кажам дека веќе имам идеи и дека се токмам да почнам со нарачки од ебау сигурно другите ќе ме направат будала. Ама ти ме разбираш нели? Се мислам за тема со елен или срна, пошто не и е класично зимски роденден , ама фаќа еуфории, па така да има зимска нота, но и есенски шмек. Овие ми се фаворити. Нешш во стил да биде Oh deer тема.
Како знаев дека ѕиркаш нешто! Не сум оправена од откачување и чистење по дома. Штом тргнам на работа одма се пуштам во набавки.
Најсреќен да е баткото Баш е штосна декорацијава, многу убаво Која бајка Пет минути зјапав у сликата за да разгледам се, пренајубаво Најсреќна
Ве читам погоре за тема на тортата. Дека деца на 3-4 години се големи и сами да бираат тема. Ај што да правам јас со моево дете, ни се ближи роденденот, и викам со што да биде тортата? Давам некој идеи од цртаните што ги гледа повеќе. Ми вика сакам со БУБАШВАБИ МАМО??!! Ауууу, од цртаниот Оги, Зиги и бубашвабите! И сега ме стави во небрано. Не ми се прави со бубашваби во никој случај. А ја гледам упорна е тоа да било, хахах.
Многу јака тема одбрала малото! Јас би огромна бубашваба и две мали би му направила, како концепт торта. Алал да му е доста креативна идеја.
Па со ликовите од тој цртан, меѓу кој и бубашвабите. Јас така би направила. Негов роденден, негов избор. Не мора да се сите со спајармен и други херои. Моето дете е такво. Бараше торта со цртан никој што не го гледа. Па бараше торта со геометриски форми и такви му порачав.
И претходните торти беа со некој цртани кој други не ги гледаат. Нејсе. Ама бубашваби ми е некако ту мач, не за мене туку од аспект другите деца како ќе реагираат. да не згадам некое да не не сакака да ја јаде и слично. Таму ми отиде паметот.
Најбитно е на детето да му ја исполниш желбата, се останато фрли во втор план Инаку, синми сакаше тренерки со Оги и бубачките за ланската Нова година Секако дека му ја исполнивме желбата. Купив еднобојни, па ги дадов на принтање... П.С. И мојов не сака спајдрмени, бетмени, па на икс родендени јадел таква торта