Дури сега наоѓам време да коментирам. Искрено годинава како што е ситуацијава ќе биде мал и скромен домашен роденден. Сакам нешто со диви животни, со акцент на срнче и зајче, зошто ептен ги сака. Ќе порачаме 1 торта и колачиња, друго сама ќе спремам колку да се одбележи. Ништо специјално и гламурозно.
@Chanell* доколку немаш најдено торта, можеш да прашаш има во Богданци една жена што прави. Ако сакаш може да ме исконтактираш во ЛП па да ти дадам контакт. До сега за двата родендени на ќерка ми се од таму порачувам и нема утка и за вкус и за украсување. Има и ФБ профил па може да погледнете нејзини изработки.
Помина роденденот пред два дена. Нарачав од Канела-Струмица, тортата нереална. Да ти е жал да ја пресечеш. И вкусна Од Богданци на Ана мислиш? Тешко со термини кај неа, треба 3 месеци уназад да закажам.. прашав, и лани и оваа година не можев да најдам термин за кај неа. А врв е зс торти женава.
Да за Ана, до сега торта ми нема утнато. Кај неа за термин да има едно два до три месеца пред време треба да се јавиш.
Мило ми е што те бендисала. Среќен Роденден на цицо! Да е жива и здрава ! Многу сакам да читам за неа.
Фала Дафи. Фала ти и за препораката, не згрешив што нарачав од таму. Се исплати и вожњата до Ср и назад на најжешкото во 12 саат, али се за цицо мој кој си е уникатна прича за себе @bella12 Си ги плакнам очите кај неа на профил јас често. Здравје, за некоја следна прилика би сакала она да ни направи. Штом и на вкус се добри, морам да ги пробам. Следната година уште во јануари ќе и пишам
http://bockasoping.mk/proizvodi1.html за една недела готови беа, линков тука го видов го имаше мајка објавено
еве нешто од нашиот за два дена волку можев да направам а имав само 3дечиња од кои свете се по 10г и плус машки само едно беше девојче... Ама убаво поминавме еве линк има интересни работи Инаку тортата е од кај Родна Велес 45п за 1600д со фондан овие горе беа мачмало овие киндер јајца
Ми се чини немам ставано слики од родендените на моите палавковци.. Еве од првиот и 2риот роденден на синко и од првиот на ќеркичката, може идеа ќе дадеме на некој.. инаку третиот роденден на синко ќе ни виде за неполн месец. Прв роденден синко : Втор синко: Прв ќере:
@Seduction од каде ви е позадината за 2риот роденден. Истата тема ќе биде и кај нас, дури и тортата што ја порачав ни е слична.
Девојчето што ми украсуваше ја испринта, инаку мислам од принтерест ја најдовме.. можеш да побараш. Еве нешто слично Еве и идеа за cake pops.. Немав место да ја прикачам сликата
Zdravo. Znqm deka ne e za tuka prasanjeto, ama moze nekoja znae kade da moze da najdam prehrambena boja rozova.
По сите поголеми маркети. Јас имам купувано во Веро и Кит-Го, во мали кесички на парче, мислам 15ден е една, доволно да офарбаш цела торта.