Делиција. 25 парчиња - 1300 денари Плус поклон боенка и боички донесоа. Со достава + 120 денари. Ептен се услужливи. Од вкусови препорачувам Грчка и Ѕвездена.
Како да испечатам ликови од тема за да ги лепам после ама да не бидат таква мека обична лист хартија , туку малце потврда? Постои ли таква варијанта? Како што се тие стапчиња за мафини пример, таква дебелина ми треба.
Сте виделе ли негде нешто на тема вселена? Ќе тркнам до Џамбо ама некако не сум уверена дека ќе најдам било што.
@Мариаа. Јас имам печатено на најобична хартија и после ги закачував на пластични стапчиња (моите беа од алиекспрес, баш со намена за мафини, ама ги имам видено и вп џамбо), од лепакот и висината - испадна одлично залепено. А ако сакаш на подебела подлога, предлагам пак на истово да испринташ, па после да залепиш од доле картон или сл...
Црни балони и црн чаршав за маса се одлична основа за таа тема ( ја имам разгледувано како опција). Не знам дали сеуште ги има во Џамбо флуросцентните планети и месечина баш фина големина имаа, плус обичните звезди исто флуросцентни. Видов многу убав аранжман од балони на инстаграм balontvister се вика (сликите на профилот не им се најиновативни да не се разочараш).
Жени знаете ли некаде каде се продаваат изработки од чоколадо, да речам кармини, шминки, или чоколадни животни?
Јас од овде штикли чоколадни имам нарачувано, провери што друго имаат https://www.facebook.com/BoOmChOcolaT/
Во книжара често принтам на картонче,има различни дебелини дури има и фото хартија и самолеплива хартија на која може да се принта
Work in progress. Се спремам за во петок. Дома скромно ќе прославиме бидејќи недела имаме и роденден и крштевка.
За да светат треба во темно да седите. Јас така се заебав па рамења ми паднаа одлепувајќи од таван. Не биди јас
Бајка е секој роденден Ептен убаво и со стил, вкус е подредено се, браво за замислата и реализацијата на секоја тема одделно Само бебе мое не го обича цртанов изгледа Многу убава тортата А кој пат и да видам торта со темава ми текнува на бабата на @Lolipop23 и солзи ми идат од смеа, таква утка уште не сум сретнала Чоколадни животни имаш од Lindt. Но скоро секоја слаткара може да ти изработи "се" што ќе сакаш по твоја желба.