Овој период у принцип почнуваме да се спремаме, дека картонската торта сама ја правам (за не повеќе од 100 ден) ... Сега стварно немам врска што да правам и што ќе биде Ај главната идеја е кран... па за торта знаеме веќе. Ама дали ќе оди тој период во градинка, дали ќе работи нешто... мада второво не ми игра баш улога иако ќе ми е криво зошто прва година е ова како посака во игротека.... Се надевам барем времето да не послужи па да узурпираме некој летниковец на гејзи и таму да прајме....
Фала женска со многу мераци спремав. Таман ме фати депресија полани што ќе правам со моите 36 год ,а големо дете еве дедо Боже смисли план да се занимавам наредни 10 год. Бидејќи темпераментот во мене вика, пишти кога немам што со себе. Фала ти генерацио, баш бебе беше пресреќно. На крај се и дадов да направи ќеф. За минута најде крај
Сликава ми е од темава, ја зачував како идеја многу убав впечаток ми остави Еве една идеја за баткото,ако не е премногу голем за вакви "бебешки" работи Ќесичкиве ги имало во дм
Ја видов тогаш преубави се. Ама дали ќе одат во градинка е прашање Се мислам да ги испринтам парчињата и да ги исечам, па ако треба ќе ги виткам на брзинка...
Ова на гејзи ти е феноменално. Ем природа ем можеш да украсиш со некој балон и деца да се изнатрчаат. Кога е роденденот?
и минатата год така планирав ама беља врнеше. цел летниковец може солидно да се украси, а предност ми е што е две мин од дома па тортата накнадно ќе се земе. рана есен е роден
@Sofi.ja вакви лижавчиња округли има во Џамбо, а има и вакви јас земав за декорација ми беа поинтересни
Знам дека си во гр,ама мислам исти се цените,колку ги зема? Јас планирам да си ги декорирам,затоа барав обични Нешто вака,на тема Мики маус
Околу 30 центи беа. Во Џамбо има сигурно, ама не ми текнува ич дали имаше црвено бели, знам дека шарени имаше. Јас баш гледав, оти иако немавме гости, спремив слатки кесичиња за неколку деца на пријатели.
Нема врска бојата какви и да се. Фала ти,ќе проверам кај нас. И ние може само со баби и дедовци ќе правиме ама мерак ми е да си спремам, па после ќе ги дадеме по децата на другарите
Помина и нашиот 3ти роденден. Цело време се спремавме за тема багери и камиони, кога на дечкото мој одеднаш му се смени идеата. Недела дена пред роденденот ми вика мама сакам торта со rainbow Го прославивме во дворот со најблиските
Најсреќна 3ка Стварно бајки им се секој бдеј на дечките, подобро средена тема "виножито" не сум видела Браво и за баткото што се премислил Во Рамстор, карши Окаиди имаш штанд со благи стрвулајки, има баш исти како на сликата. Но ваљда уште стојат и ги има таму, со ситуацијава ниту сум била у скоро време за да знам. Провери. Округли лижавчиња имаш и по маркети како Рамстор, Кит го, Жито, Рептил, секако и Веро. Само боја да најдеш и усогласиш. За кесичките прашај некое девојче по фб да ти ги направи, или сама купи кесички, тоа горе залепи или захевтај и тоа е тоа
Ги видов тие во рамстор, 50,60 ден беше едно,малце скапо ми се виде. Ќе видам по маркети Ќесичките сама ќе ги правам,само амбалажата ми треба, изгледа има на бит пазар по продавничките
Вакви минијатурни кесички со зип има во ДМ. Спакувани се во картонска кутија и на сликата има како бомбончиња нешто. Фрлена ми е амбалажата за да ти покажам.
Дали некој порачувал торта од АРОМАТИ, во однос на неколкуте слаткари на кои пишав, единствени кои ми понудија нормална цена. И од кој вкус сте задоволни (немам пробано торта од таму)