Po slikata mislam deka dukanot se vika happyday go imase vo kavadarci ama go zatvorija. Blagodaram mnogu
Мајки здраво, и нашиот роденден се ближи и ќе биде во корона криза, а како тргнале работиве може и во карантин Имам неколку прашања. Романса дали ја препорачувате за торта? Какви се со цени, вкус и изглед? Досега од Делиција сум нарачувала, не дека не сум задоволна ама малку се скапички. Какви се цените периодов? И сакам да прашам нешто, немој да се смеете досега сум порачувала со фондан, е сега сум видела друга варијанта која знам дека е поевтина, ама не знам каква е таа, дефиниција? Тоа е обичен шлаг, ми личи на хопла..како да нарачам таква торта? Сепак има декорација, ама не е целата обложена со фондан? Извинете И уште нешто, знам дека сме во специфичен период, но дури и за потесното семејство со 3-4 братучетчиња навистина немаме простор за дома. Ќе треба 3 дена роденден да правиме. Затоа сакаме во некој ресторан две маси и толку. Ама децава да се занимаават, предлог за некое безбедно широко место кое е погодно дечиња да играат? Ќе биде дефинитивно К. Ама или кафеана или корона карантин
Јас ќе ти одговорам само за делот за Романса. Три години по ред од таму нарачувам торта за синко и утка немало ни во декотација ни во вкус. Цените соленки. Оваа година им реков најмалата што може да ја направат зошто гости немавме освен моите 2300 (32 парчиња).
За Романса веќе Ано пишала. За да споредиш цена, за првиот роденден, значи пред скоро 3 години, прашав за една иста торта, 60 парчиња беше. Романса ми рекоа 6500, Канела 3500, Делиција 3200. За вкусот Романса е врв, па Канела, Делиција не ми се допаѓаат, многу маргарин има. Дури Кувертира ми се подобри, ама многу шлаговски. Инаку да, со шлаг е другата опција. Мислам ставаат и слики и разни бои шлаг..... За простор, зависи кој реон ви одговара. Маргер е ок, на отворено. Или веќе е ладно. На затворено нема ништо за деца.
Да.. за некоја недела ќе биде сигурно ладно затоа е и дилемата. Да беше топло ќе се најдеше некоја алтернатива ама вака тешко. А сите запнуваат, прашуваат, ситуацијата таква, каква што е, ќе биде цела недела гости... не ми преостанува друго. А за цениве, во заблуда сум била јас мислев Делиција е скапо Романса две години ги одминувам затоа што на пратена слика одговараа дека од многу работи зависи и мора да се појде кај нив. И затоа не сум дознала која е цената. Да и Кувертира сум ги слушнала дека се убави. Еден куп нерешени работи, а идеи и решенија нула..
Да Романса бараат да отидеш. Ама одма праќаат слика кај што ги прават и даваат веднаш цена. Незнам зошто ваква политика водат. Јас не сум потачувала најголема торта. Таа за првиот за 50 парчиња мислам 3800 ми ја наплатија. За остаток што мислев дека че ми требаат упте парчиња си нарачав обична без декорација.
Лани на бебе беше од Романса, изглед како што сакав, ама за вкус не фала може не ја погодив по мој терк, ама торта што нема доволно шеќер кај мене не минува, скоро никој не ја бендиса @kukla21 нека каже која ја порачав, баш беше крш. Кувертира дај не зезај дека биле добри, полни бисквити него оревчиња
И јас се броев за ролат со помала торта, исто пари излегуваше. @emkaemka тргнав од претпоставката дека и се допаднале тортите од Делиција и бара шлаг... па затоа велам може и Кувертира. Шо знам, тоа е мое мислење.
Јас само влашка нарачувам. Иако за вкус нема подобра од жарбо на перфето, ама па декорациите не ми се допаѓаат кај нив.
Ние ќе славиме на 10 октомври ама уште не најдовме соодветно место Инаку за цени кога прашував за 50 парчиња вака ми пишаа: Канела (плава) од 2700 нагоре Моцарт 6500 Њу Јорк од 3700до 4200 Ве микс 3300 Аромати 2500 Делициа 3250=45 парчиња Романса ( Pocituvani Nasata stranica e od revijalen karakter i za bilo kakvi informacii najdobro da ne posetite vo bilo koja nasa slatkarnica i za se kje bidete tocno informirani Vi blagodarime.) Ете во овие прашав и се мислам помеѓу Канела и Аромати..
Влашка и Чоко од Романса. Омилени. Не сум ризикувала само да ми донесе мм украсена од таму. Не знам дали цела ќе стигне. Со цените се исто како тука, а вкусот сто пати подобар. Барем не се осеќа маргаринот.
Jungle роденден @Sofi.ja еве ја тортата, јас дента не стигнав да ја пробам, ама ми рекоа била минимално замрзната,не сметало за јадење. Јас другиот ден јадев и ми беше ептен вкусна (чоколадна со малини) Декорацијата не беше баш тоа што нарачав ама сепак убаво изгледаше. Ова беше јас што нарачав
Најсреќен Јаков Многу убава џунглава На Дунде која беше тортата? Таа беше далеку поубава од мојата, баш торта, богата, вкусна @Sofi.ja од Аромати сум задоволна, убави на вкус, одлична декорација, утка немало. Ама Канела лично за вкус ми се повкусни, декорација имаат послаба, ама не очајна, сосема солидна и убава