На аромати тортите некако многу почнаа да маваат на пудинг. Како да не е фил богат, него баш вкус на пудинг.
@emkaemka благодарам со многу мерак и два изгорени прсти ја спремав. Посебно чуство било "ми порасна бебето" [/QUOTE]
Сум слушнала, не сум пробала. Сум ги видела на изглед убаво декорирани, ама што велиш срам би ми било никој да не бендиса И џабе декорација и скапа на име, ако не вреди.
Освен невкусната влашка, друг предлог Џабе прашувам, сакам онлајн да нарачам, ќе речат дојди ќе се договориме
Јас ни со влашка не сум имала утка. Земав мало торте скоро. Мене аромати пример у задње време не ме бендисуваат ич. Баш ко што вика симона, пудинг, еден слој овошје и обичен пандишпан.
Зависи кој колку благо сака Мене ми е таман Влашка, нова е добра исто така. Зафир имаат убав избор исто. Разгледај им ја веб страната.
Од Аромати оваа е така? Па добро,не се разликува мн со сликата. Уствари се разликува,ама убаво ја направиле Топ ти е декорацијата
Тогаш жарбо од перфето. Само види им ги декорациите дали ќе ти фатат око. Инаку тортата според мене мислам е врв
Да од Аромати е, само не издржа многу извадена од фрижидер во однос на декорацијата, после 30 мин имаше паднати листови и жирафата беше онесвестена ама таман сликањето помина. Фала, 1 месец ручек не правев за да ја направам масата
Леле луѓе нарачав торта од Делиција, освен што се супер флексибилни праќаш слика и адреса за достава и најефтини од сите, ама поружна торта никој не сме јаделе. Не сум цепидлака и хејтер, ама не ги даваат ни без пари. По мене Романса и Моцарт (што се луди со цените) најубави.
Мене ми е најубава таа од Романса. Јас па влашката не ја сакам. Досега сите торти ни биле од Канела(за роденденот на синко, романса користат год.одмор) Егзотик обично нарачуваме, а за декорација немало утка. Све таман. Аромати оддамна раскрстив. Толицки торти,вкус не баш погоден. Моцарт ми се врв! Чоколадна торта. Ама соленки бааги и доста се некултурни ако нешто ги прашуваш ( па ради тоа автоматски имам одбивност). Делиција сите ги фалат, ама ништо посебно не ми се. Сите ги “пројдовме”
Кој состав од Делиција? Јас до лани што нарачував беа супер, ама сега се разочарав. Нарачав Шварцвалд и се распаѓаше. И само на шлаг беше.
Од Зафир на вкус најубава ми е егзотик и грчката со бел фил,само се малку поскапи. За Перфето се сложувам дека немат декорации,ама потазе торти во живот не сум јадела и вкусни,таа со лешници ја имам пробано. Романса убави се ама поскапи,а и Њу Јорк ми се исто многу убави на вкус и тазе,омилена ми е чоко портокал и нестле.
Чоко портокал им е блага за паѓање у несвест Кој рече сакала благи торти? Од сите на Њујорк, малината мене ми е незаменлива
https://www.facebook.com/cakefactoryskopje За третиот роденден на мали земав од тука торта и сум многу задоволна. Ја земав рустикана вкус и беше преубава.